ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Николовски: Падна „авторитетот“ на Курти, македонските опозициски партии на Албанците панаѓурски го шетаа како циркуска политичка атракција

August 16, 2023 12:16
in PMD, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Долгогодишниот новинар и аналитичар на состојбите, Љубиша Николовски, во врска со неофицијалната посетата на косовскиот премиер Албин Курти во Скопје и Тетово, вели дека станува јасно дека Албин Курти го троши времето што му е доверено од своите сограѓани, но и од меѓународната заедница за да ги реши круцијалните политички проблеми дома на Косово, не покажувајќи желба или капацитет за тоа. Николовски во разговор за „Локално“ вели дека наместо да се посвети на иднината на Косово, Курти се впушта во регионални дубиози што не ги познава.

„На тој начин за жал тој свесно или несвесно, непотребно се инволвираше во „макендонските работи“ на еден старомоден, патерналистички начин од деведесеттите, несоодветен на новото време. Наместо да се сретне со претставници на владеачките партии на Албанците или уште повеќе со претставнци на Владата, тој дојде во Македонија како да е „село без кучиња“ и да присуствува на локални настани за кои знае дека се со сензитивен етно-политички набој, не водејќи сметка за иконографијата која го придружуваше“, порачува Николовски.

Тој смета дека на „авторитетот“ на Курти „паднаа“ и македонските опозициски партии на Албанците кои, како што вели Николовски, на панаѓурски начин го шетаа низ македонските градови и општини каде се на власт, претворајќи ја целата слика на посетата на еден премиер на соседна држава во циркуска политичка атракција.

Николовски оценува дека нашите односи ги воспоставуваме ние и нашите политички субјекти и дека тие честопати минуваат низ турбуленции на националистички испади за што постои подготвеност и одговорност од двете страни и македонската и албанската.

Но засега главните текови на стратешките интереси на сите во земјава се тркалаат во позитивна насока. Што се однесува до состојбите на Косово тие се тензични и стојат со децении во една статус кво ситуација. Секако дека треба да се внимава што се случува во соседството, но засега мислам дека нема опасност од прелевање на тензиите од Косово на македонска почва. На крајот на краиштата не зависи се само од Албин Курти, тука се и САД и ЕУ кои будно внимаваат кој и како се однесува од геостратшки аспетк на безбедноста на регионот, вели новинарот.

Николовски не мисли дека ќе ескалира ситуацијата повеќе од она што во јавниот дискурс се слуша. Тој потенцира дека сите политички партии сега намерно ги креваат тензиите и фаќаат предизборни позиции и дека во таа политичка игра националистички профилирања ќе има и натаму и од некои македонски и од некои албанските политички партии.

Сепак соговорникот не верува дека Курти е толку моќен да ја урне македонската влада, иако претходно се обиде да го стори речиси истото и во Албанија.

Нашите мали опозициски партии му го креваат рејтингот, мислејќи дека така ќе го зголемат и својот. Сепак мислам дека станува збор за една дипломатски и политички необмислена посета на косовскиот премиер која очекувам дека во наредниот период ќе има обиди да се „испегла“, затоа што Македонија со Косово има добри политички односи, голем број наши сограѓани Албанци имаат и семејни врски во Косово и обратно, но и економски се покажа дека трговската размена се зголемува а одредени трговски бариери што се појавуаа од време на време се надминуваат, анализира Николовски за Локално.

 

Tags: Албин КуртиЉубиша НИКОЛОВСКИ
Next Post
Џабир Дерала (фото: Кирил Михаилов)

Истражувачката сторија на ИРЛ е жестока опомена и аларм за институциите, сè друго е помалку важно!

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk