ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Создаваме можности за поквалитетен живот за пензионерите, во 44 општини имаме дневни центри за престој на стари лица

August 16, 2023 13:24
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Пензионерите имаат право на активен и квалитетен живот во третата доба. За таа цел Министерството за труд и социјална политика посветено работи на спроведување на социјалната реформа, која покрај другото е посветена токму на пензионерите и на унапредување на можностите за нив во поглед на поголема социјализација и подобрување на здравјето.

Во таа насока, денес министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска го посети Центарот за дневен престој за стари лица со активно стареење во општината Чаир во Скопје. Центарот го посетуваат околу 30 лица од општината, а оваа социјална услуга е дел од социјалната реформа, преку која се креираат услуги во локалните средини според потребите на корисниците. На средбата со пензионерите министерката Тренчевска ги посочи бенефитите од дневниот центар и ги повика корисниците што повеќе да ги користат неговите услуги.

„И како министерство и како Влада ја чувствуваме одговорноста што ја има општеството кон нашите повозрасни сограѓани. Низ сите активности и проекти кои се наменети за нив, се трудиме да им овозможиме што поквалитетен живот, социјализација и вклученост во секојдневието. Веруваме дека преку што подоброто функционирање на ваквите центри, но и преку услугата за помош и нега во домот тоа го постигнуваме. За тоа се доказ токму нивните искуства и сведоштва. Продолжуваме во оваа наша мисија, која е една од носечките во социјалната реформа која ја спроведуваме“, истакна министерката Тренчевска при посетата на Центарот за дневен престој за стари лица со активно стареење во општина Чаир.

Центарот за активно стареење го посетуваат пензионери над 65 години, а во него тие извршуваат повеќе активности чија цел е подобрување на менталното и физичко здравје и зајакнување на социјализацијата. Оваа социјална услуга е наменета токму за создавање можности за активно стареење, со што лицата во третата доба им се достапни конкретни активности за подобрување на квалитетот на животот. Во Дневниот центар, пензионерите  се дружат со своите врсници, а добиваат и асистенција од стручни лица.

Центарот за дневен престој за стари лица со активно стареењево Чаир е една од активностите кои се поддржани преку Проектот за подобрување на социјалните услуги. Во рамки на Компонента 1 од Проектот за подобрување на социјалните услуги досега се поддржани вкупно 34 проекти кои ќе овозможат давање на услугите во 41 општина. Најголем дел од овие проекти се наменети за помош и нега на стари, изнемоштени и лица со попреченост во нивните домови, а се обезбедуваат и дневни центри за стари лица, дневни центри за престој на лица и деца со попреченост и центри за рехабилитација и реинтеграција на лица со попреченост, како и услугата лична асистенција. За давање на овие услуги досега се обучени 300 лица кои обезбедуваат соодветни услуги за повеќе од 1200 корисници.

На денешната средба беше отворена и  темата за пензиите, нивниот раст, актуелната методологија, состојбата на пензискиот систем. Мининистерката во оваа прилика посочи дек агрижата за пензионерите и нивната благосостојба е приоритет за Владата, министерството за труд и социјална политика, при што го нагласи и нејзиниот личен влог како министерка за креирање на политики и мерки кои ќе значат обезбедување на пристоен живот за сите.

„Ќе биде формирана работна група која ќе работи со цел да се најде решение за усогласување на минималната пензија. Очекувам дека низ дијалог до крајот на годината ќе најдеме соодветно решение секако следејќи ги примерите на останатите земји, соодветно решение како да ја дефинираме минималната пензија во државата, а којашто ќе биде над она што значи праг на сиромаштија утврдена од страна од Светска Банка,“ рече Тренчевска.

Таа посочи и дека секогаш кога се креираат политики мора да се мисли на стабилноста на пензискиот фонд, како и дека не смее да се дозволи, да се доведе во прашање исплатата на пензиите на кој било од овие 330.000 пензионери.

Tags: Јована Тренчевска
Next Post

Петмина бугарски политичари добија заштита поради закани од Руската Федерација

Shortcut

Најново

Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Триесет часа руски напад врз цивилите во Украина: Расте бројот на жртвите, најмалку 37 загинати

August 29, 2026

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ?

August 29, 2026
Скопје, центар, 27 август 2026 (фото: Фронтлајн)

Фотографски записи од центарот на Скопје

August 29, 2026

Втората сезона на Eyes on Democracy почна со разговор за иднината на Украина и Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

August 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ?!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Секс со здравиот разум и демократија во сите пози

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk