ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ковачевски во посета на „Дата Мастерс“: Преку владините мерки за нови инвестиции, создадовме поволен делoвен амбиент

August 17, 2023 15:14
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска беше во посета на првата домашна компанија, „Дата Мастерс“, специјализирана во консалтинг и имплементација на решенија во областа на вештачката интелигенција и напредна аналитика која бележи успеси и надвор од границите на нашата држава.

„Компанијата за 5 години прерасна од 0 вработени во 50 вработени. Компанијата има 60 клиенти, 50 вработени, бројот на вработени се зголемува и бидејќи овие денови јавната дискусија се води околу „големи“ , тие се големи работат за клиенти од Абу Даби, од Лисабон, САД. Останува Африка за освојување. Верувам дека и тоа ќе се случи. Така што, ако нешто е големо во Македонија во моментов, тогаш вакви компании се големи. И потврдуваат дека Северна Македонија е конкурентна на светскиот пазар“, изјави премиерот Ковачевски, при посетата на компанијата „Дата Мастерс“, додавајќи дека го радува фактот што доколку се инвестира во вистински индустрии тогаш нашите млади се враќаат во земјава.

„Тие користеа и државна помош. Разговаравме дека законот е добар, кој Владата го има донесено за поддршка на инвестициите. Веќе имаат искористено финансирање според овој закон со кој го унапредуваат своето работење, го зголемуваат бројот на вработени и ја зацврстуваат својата пазарна позиција. Она што ме радува е што голем број компании препознаваат што тие работат и какви бенефиции може да донесе и користи за нивните клиенти и се повеќе македонски компании се вклучуваат во користењето на услугите кои ги прават. Она што многу ме радува е тоа што тие се многу скромни и нема да кажат, меѓутоа ако го видите здравствениот систем на еден од најдобрите во светот, во менаџирањето на здравствени системи, а тоа е на еден од ОАЕ, на Абу Даби тогаш целиот систем е направен тука, во оваа зграда“, истакна премиерот Ковачевски.

Премиерот порача дека Владата продолжува да поддржува домашни компании. „Оваа година имаме рекорден број на апликации за поддршка на инвестициите 467 апликации. Минатата година мислевме дека е рекордна меѓутоа оваа ја надмина за 2/3 бројот на компании кои аплицирале. Веќе се потпишани 269 договори со компании за инвестирање, зголемување на нивните производствени капацитети, нивните услужни капацитети. Најголем број на компаниите се токму од областите кои што работи „Дата Мастерс“ и сметам дека Владата мора, е и треба да е партнер токму на вакви инвестиции и на развој на вакви компании, кои потврдуваат дека ние имаме наши млади граѓаните кои можат да се носат со сите компании во ЕУ и САД“, рече премиерот Ковачевски на настанот.

Пред присутните се обрати и Филип Петровски, еден од основачите на компанијата „Дата Мастерс“, којшто нагласи дека повеќето од вработените во компанијата се вратиле од странство. Нивната мисија, како што нагласи Петровски, е да покажат дека нашата земја има знаење и искуство и може да се носи со големите консултантски компании во светот.

„Нашата мисија е да покажеме дека имаме знаење и дека тука можеме да направиме пазар и можеме да ја развиеме најголемата и најтренди индустрија во светот“, посочи Петровски, кој се заблагодари на премиерот Ковачевски за посетата.

 

Tags: „Дата Мастерс“Ковачевски
Next Post

Вработените во одбраната и армиските припадници го прославија 31. роденден на Армијата

Shortcut

Најново

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026

СДА Македонија бара неотповиклива оставка од Славески: Граѓаните не можат слободно да располагаат со своите пари

November 2, 2026

Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

November 2, 2026
Протести во Италија, 2026

Автентичните граѓански протести во Европа и пропагандата стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Злобни напади врз чесната власт

November 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk