ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Што пишувал идолот на Апасиев, Енвер Хоџа за титова Македонија и Македонците, Албанците и знамето?

August 17, 2023 18:01
in PMD, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Шефот и пратеник на екстремната десничарска партија „Левица“, Димитар Апасиев, повторно го воздигнува поранешниот комунистички диктатор на Албанија, Енвер Хоџа.

Во пост на социјалната мрежа Фејсбук со кој ја коментира неодамнешната посета на косовскиот премиер Албин Курти и политичарите Албанци од земјава кои беа поврзани со тој настан или даваа изјави во јавната дебата што следуваше потоа, Апасиев напиша „Само ЕНВЕР ХОЏА за ваквите како Курти, Касами, Гаши, Меџити и остала балистичка боранија“.

 

Ова не е првпат Апасиев да изрази пиетет кон Енвер Хоџа. Неодамна, на 11 април 2023 година, тој на чело на делегација на неговата партија „Левица“ го посети гробот на албанскиот диктатор во Тирана, оддавајќи му почит и положувајќи венец. Во соопштението на партијата, за Хоџа се зборува во суперлативи.

 

Делегација на „Левица“ на гробот на Енвер Хоџа, извор: ФБ страница на партијата Левица

Делегација на „Левица“ на гробот на Енвер Хоџа, извор: ФБ страница на партијата Левица

Но, да видиме, кого всушност почитува и воздигнува Апасиев? Што пишувал Енвер Хоџа за Македонија и Македонците и односот кон Албанците во време на социјализмот и владеењето на Јосип Броз Тито?

Како најдобра илустрација, еве еден извадок од политичкиот дневник на Енвер Хоџа (5-ти том, стр.380-381), во кој тој се осврнува на случувањата поврзани со политичките демонстрации на Албанците во 1968 и 1969 година и барањата за право на истакнување на албанското знаме и други политички права:

„ЧЕТВРТОК, 26 ЈУНИ 1969

ТЕРОР ВО МАКЕДОНИЈА ПРОТИВ АЛБАНЦИТЕ

Од почетокот на годината во  титистичка Македонија започна бран на терор против Албанците. Судењата против нив продолжуваат со месеци и немаат крај. Македонските титоистички терористи ги обвинуваат Албанците дека го подигнале знамето на Албанија, дека наводно на демонстрациите рекле: „Сакаме да се обединиме со Косово, а потоа со Албанија“. Осудените од судовите се бројат во десетици, затворениците кои чекаат да се појават на судења во стотици. Повеќето од нив се наставници, професори и студенти.

Целиот овој терор има за цел затворање на албанските училишта, заплашување на Албанците и цели кон нивно однародување и заминување од нивната земја. Тие ги принудуваат да заминат надвор во Турција, Австралија и Америка.

Македонските смрдливи плашливци во овие варварски постапки се поддржани и од некои предавници Албанци, отпадници на сопствениот народ, кои работат заедно со титистите.

Овој терор е продолжение на теророт Тито-Ранковиќ кој со децении прави пустош врз Албанците од Косово и другите албански области во Југославија. Работите се претставени дека во настаните во Македонија, Белград, односно Федерацијата, немаат вмешано прсти, Македонците демек си работат на своја глава. Никој не верува во ова. Разговарав со Рамиз (Алија н.з) и му порачав врз основа на податоците да се направи демаскирање на овој македонски ранковистички терор, да се побара што поскоро да престане овој жесток прогон на нашите браќа. Џабе им е на Македонците и титистите, Албанците кои живеат на нивна земја во Југославија, ниту се плашат, ниту им се потчинуваат. Токму затоа што е така, титистите наизменично користат терор-демагогија-терор.

Тито, за да ги излаже, им даде демек некакви права на косоварите, но брзо ќе им ги одземе, едно по друго, ставајќи им илјада и една пречка.

Косоварите мора упорно и храбро да се борат за своите права, со нивната борба и отпор мора да им помогнат и на своите браќа Албанци од Македонија и Црна Гора“.

Ете така пишува Енвер Хоџа, идолот на Апасиев, во неговиот политички дневник за Македонија и Македонците во времето на социјализмот и Тито.

Логично, се поставува прашањето, дали е Апасиев толку историски и политички неписмен за да не ги знае ставовите на Хоџа и непријателството помеѓу него и Тито и социјалистичка Југославија, кои Апасиев исто така ги воздигнува? Возможно ли е да си во исто време идолопоклоник и на Енвер Хоџа и на Јосип Броз? Или се работи за гол популизам, подбуцнување на меѓуетничка омраза, потпалување на страсти, и користење на неупатеноста на многу луѓе за дневнополитички придобивки?

Сепак, постовите на социјалните мрежи во кои Апасиев го велича Енвер Хоџа имаат стотици позитивни реакции. Исто како и постовите во кои тој го велича Тито и југо-социјализмот. А и постовите во кои Апасиев гордо се претставува како „лево крило на Организацијата“ (ВМРО), чиишто членови беа исто прогонувани во Титова Југославија.

Едното, другото и третото никако не одат заедно. Освен во главите на Апасиев и неговите следбеници, во кои очигледно, се случува вистинска „журка“. Забава луда до максимум, што би се рекло.

Преземено од СМК.мк

Tags: АпасиевЕнвер Хоџа
Next Post
REUTERS/Borja Suarez

Евакуирани најмалку 3.800 луѓе од Тенерифе поради шумски пожар

НАЈНОВО

Скриншот

Џенифер Лоренс: Се чувствував одбиена – не поради филмовите, туку поради тоа што сум јас

October 28, 2025

ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

October 28, 2025

Арсовска шири лажни вести: Директорот на „Комунална хигиена“ сè уште е во притвор и не потпишувал „во срце и душа сум ВЛЕН“

October 28, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Арсовска до Мицкоски: Кога ќе бегаш за Будимпешта нема да те собере во гепек

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бесплатен доплер на каротидни артерии на Неврологија во рамки на отворениот ден по повод Светскиот ден на мозочен удар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кај и да е ќе дојде и тој ден – овој е ретард

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Синдромот на „Газиместан“ ја тресе политичката сцена на Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk