120 години од раѓањето на еден од најзначајните сликари – Никола Мартиноски. На Крушево му поклонил збирка од 62 ремек дела кои се наоѓаат во уметничката галерија која го носи неговото име.
Одбележувањето започна со организирање на првата дигитална колонија во Крушево под менторство на уметникот Зоран Кардула каде 8 дизајнери и илустратори се запознаа со творештвото на Мартиноски.
Делата креирани со дигитални алатки, а инспирирани од творештвото на Мартиноски деновиве беа изложени низ чаршијата во Крушево, а денеска ќе бидат поставена во Галеријата на Никола Мартиноски.
Настанот е поддржан од Европска куќа – Скопје.
Ј. Ѓ.