ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Изладете ги главите, измиете се со ладна вода, стиснете „муда од Лабуда“ и прифатете ги Уставните измени „машки“!

August 18, 2023 12:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ФРОНТ

Пишува: НЕНАД ЈОВАНОВИЌ

Убав наслов, му приличи на денешниот контекст, ќе мора да признаеме. Имено, денеска започнува дебатата во Собранието на Република Северна Македонија, ќе се расправа за 3.000 и нешто Бугари. Поточно, ќе се расправа за тоа дали некои луѓе треба да влезат во Уставот и продолжат непречено, официјално и законски да живеат во оваа држава. Притоа, се работи за малцинство, а не за мнозинство.

Ништо драматично, ништо помпезно. Сосема нормална работа за цивилизирани земји кои планираат да го фатат Европскиот воз. Кој ја блокира оваа работа? ВМРО-ДПМНЕ и нивната (гео)политика наречена „Трето око“. Тие сердари спекулираат, тие мислат, тие предвидуваат, тие (читај, вмроовците!) фрлаат тешки зборови, тие прекројуваат и закројуваат. Тука, најблаго речено, водат главен збор сите (гео)политичари склони на Руска политика. А зошто е тоа така? Затоа што, дами и господа, во Кремљ седат луѓе кои се неприемчиви за лупетањата на псевдојуродиви типови кои се колнат во Христа. За руските главешини, пак, некои мислат вака, некои мислат така, ама во едно сите се сложни: тоа се многу сериозни и ако затреба – опасни луѓе. На солзите (и кукањето!) традиционално не им веруваат.

Воспалени или вжештени глави толерираат до извесни граници. Кога главите ќе претераат, кремељските „бољари“ заради ладење ги потопуваат во Северниот леден океан. И од тамо повеќе не ги вадат. Така се работи во Третиот Рим.

А во Четвртиот Рим, поточно во Скопје, работата стои потполно обратно. За да се успее да се влезе во врхушката на ВМРО-ДПМНЕ, прв и основен услов е да се има вжештена глава. Нашите „вмроовски“ вжештени глави – сите загледани во Кремљ – ама од Кремљ ништо не учат. А би требало – веќе кога се глупираат дека во нив лежи клучот на „традицијата“ и „идентитетот“!

Сетете се само на епизодата на Јосиф Висарионович – папата нешто се куробрецал – па го прашал надлежниот министер: а колку папата има тенковски дивизии? Кога го слушнал одговорот, веднаш светиот татко го ставил ad acta. Поучна приказна! Ама овие наши конзервативци, да ги наречеме „руски бољари“, никако да ја разберат поентата, а поентата е следна: кој во овој грешен и на глава паднат свет нема силни тенковски дивизии, атомски глави, атомски подморници и атомски носачи на авиони, таквите за ништо на светот не треба многу да се „куробрецаат“.

Трезвените меѓу „вмроовците“ (а таквите се реткост!), сепак го сфаќаат тажното куробрецање на нивните партијаши, ама вжештените глави и кај нив преовладуваат. Наместо да го согледаат нашето место во светот и соодветно на тоа да се организираат, тие потклекнуваат на стратегијата наречена „македоностратегија“: ќе им се приближиме на Русија и Кина, така мозгаат нашите вжештени глави, па дел од нивната вооружена аргументација ќе дојде во нашиот атар.

Тоа само покажува дека нашите конзервативни (мео)стратези немаат променето сијалица или осигурач во своите домови, а камо ли да разберат како работи овој до злабога паднат свет.

Но, ајде да видиме. Сепак мојата надеж останува дека има и во таа партија „луѓе од формат“. Ајде, другари и другарки, измиете се со ладна вода, стиснете муда од Лабуда, изгласајте ги Уставните измени „машки“. Во спротивно, тој што ќе го опструира вековниот сон на македонците, се знае, надлежните органи треба да си поводат сметка. Нема тука многу што да се филозофира, ниту пак Собранието на Републиката е филозофски клуб, ако ме разбирате што сакам да ви кажам.


Текстот е личен став на Авторот. Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0 / Извор: Frontline
Tags: ВМРО-ДПМНЕНЕНАД ЈОВАНОВИЌуставни измени
Next Post

Ќучук: Нема да има подобар предлог за Северна Македонија

[adrotate banner=”27″]

[adrotate banner=”28″]

НАЈНОВО

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Петрит Сарачини

    Сарачини: Политичарите „оглувуваат“ кога се зборува за национал-шовинизмот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кривична пријава за Кавадарчанец – си го убил братот и го закопал во дворот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Независноста се покажа потешка и попонижувачка од ропството!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Без струја корисниците од неколку улици во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk