Канцеларијата за стратешки комуникации на Канцеларијата на врховниот командант на вооружените сили на Украина, СтратКом ЗСУ на својот официјалниот YouTube канал објави документарен филм во кој преку сведоштва на преживеаните жители на Буча за животот под руска окупација и злосторствата кои ги извршија руските окупатори ги разобличува лажните наративи на Кремљ.
Русија повторно прибегна кон лаги и манипулации. Повторно, Русија се обидува да ја искриви реалноста. Сепак, доказите собрани од тимот на Дирекцијата за стратешки комуникации на Канцеларијата на врховниот командант на вооружените сили на Украина уште еднаш не потсетуваат каков е „руZкиот свет“ на окупираните територии.
Овој филм с сниман во градот Буча година и пол по неговото ослободување од руските окупатори. Луѓето од Буча не ги заборавија ниту злосторствата, ниту оние кои ги извршија овие злосторства. Иако поголемиот дел од уништената инфраструктура на градот е веќе обновена, народот вели дека енергијата на животот се уште не е вратена во градот. Чувството за живот ќе се врати таму само кога непријателот ќе биде поразен и сите криминалци ќе бидат казнети.
Дрган Мишев / ЦивилМедиа