ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Зајкова: Кој е планот на опозицијата или планираат повторно да нè остават во чекалната уште 17 години?

August 18, 2023 13:08
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Исправени сме пред одговорноста да донесеме одлука која што суштински ја определува иднината на државата и на граѓаните. На сите ни е совршено јасно дека само преку уставните измени можеме да ја осигураме европска иднина, затоа што истите значат почеток на преговори по поглавја. Оваа тема особено во последната година, ја разорува државата од внатре по сите основи. Тема која што не троши, не разјадува и создава ирационални, но многу опасни поделби. Последиците ги гледаме секој ден и ќе стануваат и повидливи и потешки – и на економски и на социјален и на меѓуетнички план. Затоа што секогаш кога треба да се донесе одговорна и тешка одлука, наместо решение, опозицијата создава нов конфликт, се креираат непријатели и се тргнува во лов на вештерки, вели пратеничката и претседателка на Либерално демократската партија, Моника Зајкова.

-Секој ден вознемиреноста на граѓаните е се поголема, а причината за тоа сме  сите ние  120 пратеници. Затоа што дозволивме наместо решение на проблемот, во нас да гледаат – проблем. Со нашиот вокабулар, со поделбата на предавници и патриоти, со одвлекување на вниманието од реалните проблеми, додава таа.

Пратеничката и претседателка на ЛДП истакна дека претставниците на опозицијата ги манипулираат граѓаните, а се претставуваат како нивни бранители и спасители од Албанците или од Македонците, од Грците, од Бугарите, од Србите, од Турците, од Американците и кој знае до каде ќе оди списокот кој што постојано, за интерни, тесно политички интереси се продолжува, зависно од моменталните потреби.

-И пријателите и непријателите ги создаваме сами. Така е и во приватниот живот така е и со државата. Да живееш во постојан страв дека сите ти се непријатели и дека еден ден ќе ти одземат се и ќе те остават без покрив над главата, е само израз на сопствената несигурност, немање самодоверба и неспособност да создаваш пријатели. Така е и со идентитетот. Тоа е нешто што генерации зад тебе го создавале, а ти и да сакаш не можеш да го избришеш, уште помалку тоа може да го направи некој друг во твое име, рече Зајкова.

Зајкова прашува кој е ставот на опозицијата? Што тие ќе направат по изборите, ако до ноември не се создадат услови за одржување на Втората меѓувладина конференција со ЕУ? Повторно ли ќе не внесат во чекална, во која поминавме 17 години. Дали тоа нема да не чини изгубени генерации?

-Кандидатскиот статус го добивме во 2005 година. И тогаш, со донесување на тешки, но рационални одлуки, повторно од страна на партиите кои седат во ова мнозинство. Благодарение на тие одлуки се случи безвизниот режим со земјите членки на ЕУ. Сега лесно се патува во ЕУ, се отворија можности за студирање на нашите млади луѓе на престижни универзитети надвор од земјата, можности за вработување и поддршка на своите дома, овде во државата, за стекнување на нови искуства и вештини. Се отворија европските фондови од кои што се финансираа и се уште се финансираат огромен број на проекти во сите општини и во кои што се ангажирани многу млади и паметни луѓе, кои што на тој начин си ја обезбедуваат егзистенцијата овде, во државата. На нас останува да ги носиме одлуките, а не да бегаме од нив. Да бидеме дел од процесот кој ќе ја движи нашата држава напред и ќе и овозможи развој и прогрес во европското семејство, бидејќи тоа е нашата иднина, заклучува претседателката Зајкова.

Tags: ЗајковаЛДПуставни измени
Next Post

Вјоса Османи: Белград продолжува да се служи со тактиките на Милошевиќ

НАЈНОВО

Фото: Фејсбук профил на Сијарто

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ

November 5, 2025
Фото: МИА

Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Две лица загинаа а петмина се повредени во судар на два автомобила во близина на Плетвар, на патот Прилеп – Росоман

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 4 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа зборува, Македонија стои

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk