ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Вјоса Османи: Белград продолжува да се служи со тактиките на Милошевиќ

August 18, 2023 13:14
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателката на Косово, Вјоса Османи вели дека оставките на тројцата припадници на косовската полиција од српска националност се директна последица  на постојаните закани и заплашувања од страна на Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Османи, порача дека притисоците врз припадниците на српската заедница во Косово се доказ дека Белград продолжува да се служи со тактиките на поранешниот српски водач Слободан Милошевиќ, кој во 2006 година почина во притворот на меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија во Хаг, додека траеше судскиот процес против него.

– Оставката на полицајците припадници на српската заедница е директна последица на постојаните закани и заплашувања од страна на Србија – потврда дека нејзините политики продолжуваат да ги отсликуваат тактиките на Милошевиќ. Ние ќе продолжиме да обезбедуваме сеопфатност во сите институции и едно Косово кое е побезбедно за сите, напиша Османи.

Загриженост поради оставките на тројцата неодамна примени полицајци од српска националнот во косовската полиција, меѓу другите, изразија и шефот на мисијата за владеење на правото во Косово, ЕУЛЕКС, Ѓовани Пјетро Барбано, како и амбасадорите на САД и Германија, Џефри Ховениер и Јорн Рохде, кои порачаа дека во една мултиетничка држава и полицијата треба да биде мултиетничка.

По колективните оставки на припадниците на косовската полиција од српска националност во неомври минатата година, неколкумина Срби во последно време доброволно се пријавија во полицијата, меѓутоа, според медиумите во Приштина, тие се постојано под притисок на „насаилните експоненти“ од косовскиот север, за кои се вели дека се под контрола на Белград.

Tags: Вјоса ОсманиКосовоСрбија
Next Post

Јапонија активира борбени авиони откако руски авиони се забележани над Јапонското и Источното Кинеско Море

Shortcut

Најново

Филипче: Арамиски концепт на владеење на Мицкоски – лаги, тајни постапки и милионски партиски тендери

September 10, 2026

ВИ-апокалипса? Предупредувањето не е пророштво

September 10, 2026
Томислав Османли. Фото лична архива

Нов расказ на Томислав Османли објавен во реномираното грчко книжевно списание „Трака“

September 10, 2026

Мицкоски тврди дека концертите чинеле нула денари, СДСМ обвинува дека се платени со народни пари преку Државна лотарија

September 10, 2026
Фото: Влада

„Талогот“ на Мицкоски за 8 Септември: СДСМ гледа фашистичка реторика на Ванчо Михајлов, ВМРО-ДПМНЕ дијагностицира „фројдовски синдром“

September 9, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Смртоносни руски напади во Краматорск и Запорижја

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk