ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, ВМРО-ДПМНЕ бараат предвремени избори

August 18, 2023 15:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Собранието денеска во рамките на 123-тата седница ја заврши расправата за Предлогот за пристапување кон измена на Уставот со кој се предвидува вметнување на Бугарите и на уште пет етнички заедници во Преамбулата на Уставот.

Последен за збор беше пријавен координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески по чие излагање претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека за продолжувањето пратениците ќе бидат дополнително информирани.

-Констатирам дека претресот е завршен. Тука ја прекинувам работата со оваа седница, а за продолжувањето ќе бидете дополнително известени, рече Џафери.

По прекинувањето на седницата се слушаа негодувања од пратениците од опозицијата кои при носењето на дневниот ред за седницата гласаа против.

За усвојување на точката на дневен ред е неопходно да гласаат минимум 80 пратеници. Тоа е првата од вкупно трите фази неопходни за промена на Уставот. При носењето на дневниот ред на седницата 70 пратеници гласаа „за“, а 47 беа „против“. Расправата согласно Деловникот на Собранието можеше да трае 10 работни дена.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски го повтори дврдокорниот став и уште еднаш ја потврди единствената заложба на партијата дека „парламентарни избори мора да има“.

„Уставни измени не се прават врз основа на натурање и диктат. Уставни измени под диктат нема да има, но предвремени парламентарни избори мора да има, порача денеска координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски.

Премиерот Ковачевски од собраниската говорница истакна дека предлогот за уставни измени е наш, македонски, невистините се тезите дека е под диктат од било кого.

„Предлогот е наш македонски, предлогот е базиран на Европскиот Предлог и Договор од 2022-та година, со кој државата после долги години чекање конечно ги отвори преговорите за членство. Предлогот е напишан тука во Скопје. Предлогот се дебатира во македонското Собрание, во Скопје. И затоа, со цела одговорност ги отфрлам лажните и невистинити тези дека постои некаков диктат, од било кого, за било што“ рече премиерот Димитар Ковачевски на собраниската седница за уставните измени.

Тој додаде дека постои само нашата сегашна, а сепак историска можност да направиме нешто добро за државата и со усвојување на уставните измени да не стоиме во место, да не каскама, да не чекаме, туку да чекориме кон полноправно членство во ЕУ.

„Ако за момент ги видиме фактите, ја погледнеме вистината во очи, ќе видиме дека на македонски јазик се говори и пишува во Брисел, ќе видиме дека поддршката за нашиот вековен идентитет се случи и во Берлин, и во Вашингтон, во сите најважни европски престолнини. За прв пат се потпиша Договор на македонски јазик со Европската Унија, конкретно Фронтекс“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека се случи се спротивно од тоа што го заговараа домашните политиканти, никој не нѐ асимилира, не нѐ загрози, не нѐ нападна, туку напротив државата стана посилна, поцврста и зад неа стојат најголемите и најсилните.

Внесувањето на Бугарите во Уставот е услов за земјава да ја одржи втората меѓувладина седница и да ги продолжи преговорите со Европската Унија за полноправно членство во Унијата.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Собраниеуставни измени

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бајач од скопско Трубарево, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk