ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Османи по изјавата на Вучевиќ: Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија

August 21, 2023 21:46
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН

Северна Македонија го отфрла мешањето и несоодветните забелешки од функционерите од соседството. Се залагаме за регионална стабилност и соработка, вклучително и со Србија и Косово, објави на фејсбук профилот шефот на дипломатијата Бујар Османи, реагирајќи на изјавата на српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ, кој вчера изјави дека „Северна Македонија и Црна Гора се огрешија кон Србија со признавањето на независноста на Косово“.

Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија, додава Османи во објавата на Фејсбук.

Српскиот министер за одбрана Милош Вучевиќ со опасна пропаганда кон Северна Македонија и Црна Гора

Северна Македонија и Црна Гора се огрешиле кон Србија со признавањето на независноста на Косово, нагласувајќи дека тој чин претставувал отворено мешање во внатрешните работи на една земја, изјави српскиот министер за одбрана и претседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ, јавува црногорскиот весник Побједа, пренесе Мета.мк.

„Згрешивте и ќе ви се удри по глава, како што во Украина им се удира во глава на сите кои го промовираа Косово и Метохија како независна држава. Ја отворивте Пандорината кутија. Смешни се вашите бирократски одговори дека Косово е sui generis, дека е посебен случај. Ниту Албин Курти, ниту Тирана ви веруваат во тоа“, изјави Вучевиќ за српската телевизија Пинк.

Во неговата распламтувачка пропаганда кон С.Македонија и Црна Гора, Вучевиќ вели дека е на мислење оти постои голема меѓународна поддршка за создавање на Голема Албанија, нагласувајќи дека тоа не е прашање само за Србија, туку и за нејзините соседи.

„Дали нашите пријатели во Северна Македонија спијат мирно? Дали спиете мирно? Тие мислат дека се во НАТО Алијансата и дека си ги решиле проблемите… Ова е мантра и на Црна Гора и на Северна Македонија. Кога станаа членки на таа колективна безбедност, односно на НАТО Алијансата, мислат дека си ги решиле сите проблеми и дека веќе ништо не може да им се случи. Мора да погледнете она што е во историјата, да ги разберете малку другите околности и да разберете што се случува во нивниот двор. Ние не сакаме да ја водиме нивната политика, тоа е прашање за нив. Но, можеме да констатираме дека 25 проценти од Албанците имаат 50 проценти од власта во Северна Македонија. Ако е „ок“ за Македонците, „ок“ е и за нас, само очигледно ќе имате политика која нема да ја гледаат Македонија како своја земја“, вели Вучевиќ во изјава со која се меша во внатрешните прашања на С.Македонија.

Вучевиќ оценува дека постои сеалбански консензус за национално обединување и дека „наивните Срби мислат дека тоа не може да се случи и дека нема промени на границите“.

„Отсекогаш важела мантрата дека нема промени на границите, па тие се менувале. Не би спиел мирно, но тоа е прашање за Скопје, а Подгорица нека добро види што ќе прави. Гледам дека сега најголемото прашање за нив е дали српските партии, или на српската партија, или на коалицијата, смее да им се дозволи да дојдат на власт со, условно кажано, некои мали министерства. Во Северна Македонија, 25 отсто од Албанците имаат 50 отсто од владата, а во Црна Гора 30 отсто од Србите не можат да имаат две министерства или дури едно. Велат се мешаме во внатрешните работи. Вие ни се мешате во нашите внатрешни работи – го признавте Косово, има ли полошо, понепристојно и отворено мешање во внатрешните работи“, изјави српскиот министер за одбрана Вучевиќ.

Tags: Бујар ОсманиКосовоМилош Вучевиќпризнавањереакција
Next Post

Спасовски: Нарушувањето на меѓуетничките односи на одредени градоначалници во соработка со ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

ФФМ и ФК Брегалница го осудија инцидентот во Штип

August 24, 2025
Фото: Цивил Медиа

Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

August 24, 2025

Мицкоски: Она што го направи ВМРО-ДПМНЕ овие два дена е новитет на политичката сцена во Македонија, за Скопје се приоритетни три столба

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    (ВИДЕО) Тежок инцидент во Штип: Тепачка на натпреварот на младите категории на Брагалница и Шкупи, две деца повредени

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје стана Кијив на еден ден – Украина ја одбележа независноста

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова до Тошковски за инцидентот во Штип: Децата ни ги сокршија од ќотек додека тераш кампања на Орце

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Амбасадорката Дир: Поддршката од партнерите ни овозможува да му се спротивставиме на рускиот агресор

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk