ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛА

Тренчевска: Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата

August 21, 2023 12:39
in ДЕНЕС, СОЦИЈАЛА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се обрати на настанот на кој што се презентираше публикацијата „Жените и мажите во Северна Македонија”. Публикацијата е издадена во рамки на проектот „Gender Equality Facility – Советодавни услуги за вклучување на родовата перспектива за администрацијата на Северна Македонија на централно ниво”, финансиски поддржан од Шведска, кој се спроведува од UN Women во партнерство со Секретаријатот за европски прашања и Министерство за труд и социјална политика.

„Концептот на еднакви можности ги означува еднаквите можности на жените и мажите како и еднаквиот пристап до ресурси и подеднакво право на учество во општествениот и во политичкиот живот” посочи Тренчевска во своето обраќање.

Министерката истакна дека еднаквите можности на мажите и жените во Република Северна Македонија се регулирани со Уставот како највисок правен акт, кој е гаранција за превенција и заштита на основните човекови права и фундаментални слободи.

„Родовата еднаквост е еден од приоритетите на Владата на Република Северна Македонија. Родовата еднаквост е дел од Програмата за работа на Владата 2020-2023 и исто така е обврска од Агендата за одржлив развој до 2030 година како на национално така и на локално ниво” истакна министерката.

Тренчевска на крај ги посочи и придобивките од публикацијата каде се сумирани сите статистички податоци и рече дека токму податоците кои ја составуваат содржината на публикацијата даваат насока по која треба да се движат институциите и организациите при решавање на прашањата поврзани со родовата еднаквости.

Tags: МТСПродова еднаквостТренчевска
Next Post

Просечната нето-плата во јуни 36.527 денари

EVN

НАЈНОВО

Трендафилов ги повика работниците на протест: Платите се мизерни, излезете да се бориме за нив

March 11, 2026
Фото: Укринформ

Русија им помага на Иран со тактики за дронови од војната во Украина

March 11, 2026

Иранскиот амбасадр во Кипар: Моџтаба Хамнеи бил ранет во нападот што го уби неговиот татко

March 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Хејли Бибер за бракот со Џастин: Тој е мојот најголем извор на поддршка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 10 март 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Зошто Близнаците живеат во две реалности – умот што никогаш не мирува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Видео обраќање на Трамп: Не сакам да кажам дали новиот лидер на Иран има „мета на грбот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Овие воено настроени убијци ја користат нашата музика без дозвола“ – Франц Фердинанд бесни поради видео на израелската армија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk