„Јасно е дека ДПМНЕ е антиевропска партија која во суштина и не се разликува од политичката партија Левица. Истовремено, Христијан Мицкоски е против ЕУ, како што беше и против членството во НАТО“, се вели во утринското соопштение на СДСМ.
„Ист како Груевски кој 11 години го блокираше членството во НАТО и земјата ја држеше во изолација и надвор од европските интеграции. За лична кариера Мицкоски сака да држи како заложник цела држава, цел народ.
Скапа е цената на таквите блокади на Мицкоски и ДПМНЕ, тие значат уште 11 години загубени години за целиот наш народ, за нашата држава, но нашите граѓани немаат нови децении за губење.
80% од македонските граѓани се за членство во ЕУ, дури една четвртина од гласачите на ДПМНЕ се за членство во ЕУ.
Членството во ЕУ значи економски просперитет, подобар животен стандард, поголеми плати, социјална правда.
Државите кои се зачлениле, во првите 5 години имаат од 70 до 100% зголемување на платите на нивните работници, имаат економски раст, зголемување на БДП.
Држава членка на ЕУ добива огромна финансиска помош од различни фондови, 11 пати поголема по глава на жител од земја кандидат.
СДСМ, заедно со граѓните, заедно со проевропскиот блок нема да дозволи ДПМНЕ да ја загрози европската иднина на државата“, велат од Бихаќка.