ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Северна Македонија ризикува да заостане во преговорите за членство во ЕУ, предвидуваат аналитичарите

August 22, 2023 13:50
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Политичката криза во Северна Македонија по дебатите за уставните измени заврши неубедливо, а гласањето за нив е одложено на неодредено време. Пратениците во Скопје дебатираа дали да го променат највисокиот правен акт во земјата, вклучително и дали Бугарите треба да бидат вклучени во Уставот. Според аналитичарите, Северна Македонија ризикува сериозно да заостане во преговорите со ЕУ.

Меѓусебни обвинувања, политички ќорсокак и купување време, таква атмосфера владее во Република Северна Македонија по дебатите за уставни измени, пренесува БНТ1.

Претседателот Стево Пендаровски и се придружи на владата на Социјалдемократскиот сојуз во обвинувањата кон конзервативците од опозицијата дека немаат алтернатива за „францускиот предлог“ и дека е невозможен друг пат кон ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ сака нови избори, но засега немаат широка поддршка од албанските партии. Владетелите ќе купат време да соберат 80 пратеници.

И за ова време земјава сериозно доцни со спроведувањето на договореното на патот кон ЕУ.

Во прашање не е само европската интеграција на Република Северна Македонија, туку и етничките односи во земјата, објаснува публицистот Џабир Дарела. Албанците во земјата се цврсти поддржувачи на пристапувањето, а заостанувањето зад Албанија на патот кон Брисел може да доведе до тензии во земјата.

Според Димитар Николовски, минимални се шансите да се промени уставот. Но, тој смета на САД да влијаат врз опозицијата.

Премиерот Димитар Ковачевски и Владата порачаа дека не се откажуваат од процесот и дека ќе бараат начини да се постигне мнозинство од 80 пратеници. Премиерот ја обвини опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ дека го блокира европскиот пат на државата.

Претседателот Стево Пендаровски ги праша конзервативците од ВМРО-ДПМНЕ, без чии гласови не може да се постигне двотретинско мнозинство во Собранието за да се изгласаат измените, каква алтернатива нудат?

Опозицијата остана цврста, и веднаш по расправите побара брзо гласање во Собранието за да биде јасно дека кабинетот нема мнозинство и дека избраниот пат кон ЕУ – францускиот предлог – води во ќорсокак.

Предлозите за измени на Уставот предвидуваат во основниот закон да се вклучат бугарскиот, хрватскиот, црногорскиот, словенечкиот, египетскиот и еврејскиот народ, со што би се гарантирале нивните права и активно учество во политичкиот живот на земјата.

Подготви: Д. Мишев / Цивил Медиа

Tags: ЕУуставни промени
Next Post

Бесплатна правна помош за жителите на Гостивар: Пристапот до правдата е еден од критериумите за членство во ЕУ

НАЈНОВО

ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

August 17, 2025

Макрон: Путин не сака мир, туку капитулација на Украина

August 17, 2025

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk