Д-р Татјана Колевска е онколог, хематолог и медицинска директорка која ја води националната онколошка програма на американската компанија „Каисер Перманенте“ во Калифорнија, што покрива грижа и лекување на повеќе од 12 милиони луѓе низ САД. Д-р Колевска, која инаку е родена во Скопје, води многу клинички студии што постојано истражуваат нови лекови за ракот. Неодамна беше гостинка во Белата куќа во Вашингтон, како дел од нејзината работа во „Moonshot” проектот на американскиот претседател Џо Бајден.
Она што е интересно е што таа е дел од тимот составен од американскиот претседател, а кој треба во следните 25 години да најде лек за ракот, односно, преку иновативни начини да ги намали смртните случаи од рак на дебелото црево за 50 отсто.
Во интервју за Мета.мк, докторката зборува за најновите сознанија и третман на болеста.