Изречени се 271 мерка во контроли во областа на сообраќајот што биле спроведени вчера на територија на град Скопје, а 69 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина, информира Министерството за внатрешни работи.
Шеснаесет од санкциите се за користење мобилен телефон при возење, 13 за возење без возачка дозвола, осум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, седум за минување на затворен сигнал – црвено светло, девет мерки за некористење на сигурносен појас…
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.