Во Скопскиот регион имало вкупно седум (7) пожари на отворено од коишто еден (1) е се уште активен, соопштија од ЦУК Скопје.
Бригадата за противпожарна заштита БППЗ на Град Скопје имаше полни раце работа на повеќе страни од Скопско, особено во доцните попладневни и часови кога со поддршка од воздух од трите „ер трактор“ авиони на ДЗС и еден хеликоптер на МВР ги изгасна тие што претставуваа опасност за населбите околу градот. При координацијата за гаснење на дел од пожарите, на терен беше и директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, конкретно кај село Љубин, Општина Сарај, каде што покрај пожарникарите од БППЗ на Град Скопје, беа ангажирани и воздухопловите.
Инаку, рано утрово Центарот за управување со кризи извести дека вчера, на 23.08.2023 година (среда), пожари на отворен простор имало вкупно 26, од коишто утрово се уште има 1 активен.