ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Тезите дека постои светска завера, одат во прилог само на тој што ги кажува

August 24, 2023 13:23
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски

Димитар Ковачевски

Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека го зачудува ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека светот и Европа се свртеле против нив во однос на уставните измени, потенцирајќи дека тоа го потсетува на 11-те години на претходниот прв човек на опозициската партија. Пласирање на тези дека постои светска завера, наведува премиерот, во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен на политичка кариера на тој што го кажува.

-Ставот мене ме зачудува. Јас имав интервју на една од националните телевизии на крајот на минатата недела кога кажав дека тоа што го слушам од сегашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ многу ме потсетува на 11-те години на претходниот претседател, а тоа е дека постои некоја светска завера против нас. Тоа што го слушнав беше дека светот и Европа се здружиле против Македонија.  Такво нешто слушавме и во минатото. Се подгреваа чувствата на граѓаните на таков начин, цело време беа плашени граѓаните дека постои некаков супер непријател кон нас Македонците, меѓутоа ние после тоа се уверивме дека тоа не е така. Северна Македонија стана членка на НАТО, сите гледаме колку е значајно што сме земја членка на НАТО во време кога се води воен конфликт во Европа, рече Ковачевски.

Второ, и покрај сите хистерии и лажни обвинувања дека ќе настанела бугаризација,  асимилација, губење на јазик и на идентитет…, потенцира Ковачевски, ние ги почнавме преговорите со ЕУ со заштитен македонски јазик, со признаен македонски јазик и идентитет преку резолуции на германскиот Бундестаг.

-Она што следува во американскиот Конгрес преку изјави на сите највисоки раководители од Европа тука во нашиот Парламент за значењето на македонската култура, историја, идентитет итн. Затоа сметам дека една држава која што има стратешко партнерство со САД како ниедна друга земја во овој регион, која што е земја членка на НАТО пласирање на тези дека постои светска завера во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен во политичка кариера на тој што го кажува, вели премиерот Ковачевски.

Тој нагласува дека неносењето одлуки единствено може да не остави во чекалната, за што и сами кажаа дека биле подготвени да чекаат.

-Единаесет години видовме што донесе чекањето. 2008 година ние имавме решение со Грција кое што тогашната влада не го прифати, после 11 години добивме решение кое што беше полошо од тоа во 2008 година. Сега имаме чиста преговарачка рамка со заштитен македонски јазик, се преговара на македонски јазик, се преведува европското законодавство на македонски јазик. И сега е моментот кога постои заеднички интерес и од страна на САД и од страна на ЕУ за продолжување на европската интеграција до 2030 година Северна Македонија да стане полноправна членка на ЕУ, рече премиерот.

За ова, додава Ковачевски, не постои алтернатива. Не смееме да дозволиме Албанија, Србија и Црна Гора да отидат пред нас, бидејќи во тој случај остануваме со Босна и Херцеговина и со Косово. -Ние не сакаме да бидеме во тоа друштво. Тоа се две држави коишто се уште не ги решиле своите основни прашања на уредување на државите. Јас не сакам нашите деца, државата на нашите деца да се најде во такво друштво во поглед на регионалните и европските интеграции. Затоа сега е време да се донесат одлуките, посочи Ковачевски..

Со заменик-помошникот на САД Габриел Ескобар, кој ќе биде во дводневна посета на земјата Ковачевски ќе се сретне утре. Вели дека за тие одлуки имаме поддршка од страна и на ЕУ и особено од страна на САД и во таа насока е и посетата на Ескобар на регионот на Северна Македонија.

-Јас ќе имам разговор со него. Тој е исклучително информиран човек во однос на случувањата и на билатерално и на регионално ниво и ќе разговараме токму за национални, билатерални и регионални прашања од интерес на Северна Македонија, посочи Ковачевски.

Во однос на уставните измени вели дека се работи за исклучително важна одлука за иднината на државата, која што е пред пратениците и која не задира во ниту едно идентитетско прашање на македонскиот народ.

-Уставните измени така како што се предложени во Собранието за коишто отпочна процесот во Собранието преку усвојување на дневниот ред и изнесување на ставовите на политичките партии, сите се уверивте дека не предизвикаа никакви турбуленции или негативни коментари од кој било во државата. Тие беа консултирани и со експертската јавност и со невладиниот сектор, и со политичките партии и изработена од експертско-политичка група – работна група која што беше формирана од Министерството за правда.

Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Ковачевски негира дека „се испумпуваат“ пари за убедување на граѓаните за уставни измени со новата кампања на Секретаријатот за европски прашања која чини 80.000. Парите исклучително домаќински се инвестираат од оваа Влада, додаде премиерот, велејќи дека пари не се трошеле на жални врби, на стиропор којшто се распаѓа по зградите…

-Тоа се планирани пари во Буџетот на СЕП и се работи за комуникациска кампања со граѓаните со цел да можат да бидат презентирани придобивките од зачленувањето во ЕУ и да биде презентиран процесот на водење на скринингот со ЕУ и што е она што следува понатаму. Сметам дека граѓаните треба да бидат информирани за тој процес затоа што затоа што ако ги погледнете истражувањата на јавното мислење тогаш ќе се уверите дека 80 проценти од државата сакаат да бидат дел од ЕУ. Тоа впрочем го потврдува и однесувањето на нашите граѓани во сите изминати декади бидејќи нашите граѓани покажале дека сакаат да живеат во држава која е земја членка на ЕУ која има висок стандард и демократија и социјална правда и затоа одат во земји од ЕУ, вели Ковачевски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЕУКовачевскиМакедонијаМицкоски

НАЈНОВО

Фото, Илустрација, генерирано со ВИ

Лав избеган од зоолошка во Турција, нападна човек

July 6, 2025
Фото: МИА

Полска од полноќ воведува контроли на границата со Германија

July 6, 2025

ЦУК: Шест активни пожари на отворено до 18 часот

July 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Концерт, Томсон, Загреб. Фото: Скриншот Јутјуб

    СДП Хрватска за концертот на Томпсон: Бевме сведоци на голем светски срам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Мицкоски е виновен за отворање на дебатата за македонскиот јазик во ЕУ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како светот се справува со демографската криза и наталитетот, а што предлага Мицкоски во Македонија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски наметнува културолошки војни за да го раскара народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk