ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Maкедонското земјоделство чекори на патот кон ЕУ

August 24, 2023 09:35
in PMD, ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Македонското земјоделство генерално е поддржано од Министерстово за земјоделство шумарство и водостопанство преку субвенции, дополнителни средства и интервентни мерки што ги издвојува Владата за овој сектор. Тука се и ИПАРД фондовите што ги доделува Европската Унија преку кои може да се развие и дополнителен агробизнис или да се доусоврши постоечкиот.

Во бројки тоа се околу 150 милиони евра за субвенции за македонските земјоделци, кажа премиерот Ковачевски неодамна во интервју за Сител Телевизија.

„Погледнете ги само Словенија и Хрватска. Ние субвенционираме земјоделие и добиваме најмногу во регионот 100 милиони евра од ЕУ, но знаете земји членки, Хрватска и Словенија колку ќе добијат? 6 милијарди евра. Тоа е разликата од земја членка до земја кандидат, рече Ковачевски.

Тој додаде дека земја членка добива европска помош од ЕУ-фондовите 11 пати поголема по глава на жител од земја кандидат. Ковачевски во интервјуто потсети дека процесот на евроинтеграција го започнавме заедно со Хрватска.

Со новата ИПАРД 3 програма во македонското земјоделсство треба да завршат уште 210 милиони евра за модернизација.

Северна Македонија е лидер во регионот со најголема искористеност од 98% на средства од ИПАРД 2 програмата, преку која на располагање имавме 60 милиони евра за склучени 2.369 договори и најголемата искористеност од 98%, истакна министерот за земјоделство шумарство и воостопанство Љупчо Николовски на објавувањето на новиот повикза ИПАРД 3 програмата.

„Како напредуваме со преговорите со ЕУ, така нашата држава би напредувала и во новите пристапни фондови. Верувам во вас и знам дека вие ќе го одберете патот на развојот и напредокот, порача од Дебар министерот Николовски на пуштањето во употреба на реконстуираниот систем за наводнување Дебарско Поле.

Тој потенцираше дека со поддршка и средства на Европската Унија, градат повеќе системи за наводнување низ целата држава – системите за наводнување Славишко Поле, Конопница, Теарце, Чаушица и Пишица, кои се само дел од системите кои веќе се започнати со градба, а следува изградба на уште два нови системи во Сопот и Новаци. Инвестиција е вредна над 10 милиони евра.

Сепак, овие бројки не се ни приближно блиску до тие што ги добиваат земјоделците во Европската Унија.

„Нашите земјоделци имаат 150 милиони евра годишен буџет за субвенции. Хрватските и Словенечките земјоделци до 2027 година ќе имаат на располагање 6 МИЛИЈАРДИ евра поддршка за нивното производство. А се бориме на исти пазари со нивните производи. Колку и да одвојува државата од сопствен буџет нема шанси со ЕУ, затоа што таму 40% од буџетот е за поддршка на агросекторот. Единствена заедничка политика Европската Унија има за ЗЕМЈОДЕЛСТВО“, напиша Ленче Николовска, сопственичката на консултантската компанија „Агротим“, кои се занимаваат со изработка на апликации за ИПАРД фондовите.

„Милијарди евра за земјоделското производство и руралниот развој, најмногу за млади земјоделци, за модернизирање, дигитализација на производството, за екологија, за органско производство…Во претпристапниот период Полска, Хрватска, Словенија искористија стотици милиони евра, затоа што Брисел ја подготвува државата за влезот во Унијата и инвестира таму каде што најмногу треба. А кај нас има простор. На нашата аграрна стратегија и реформа и треба финансиска поддршка. Штета е да пропуштиме шанса за над 200 000 семејства кои на било каков начин се поврзани со земјоделското производството да имаат достоен живот од оваа тешка професија“, порача таа.

„Има одличен тренд кај младите, оти тие следат што се случува во светот, гледаат дека најголемите газди се оние што произведуваат храна. Зошто да одат да работат во други држави ако може овде да го модернизираат производството од своите родители или да започнат нов бизнис. За тоа треба ПАРИ, а пари за нив ЕУ издвојува во милијарди“, истакна Николовска.

Tags: ЕУземјоделствоИПАРД
Next Post

Еден активен пожар во скопскиот регион

НАЈНОВО

Политико: ЕУ на Црна Гора и Албанија им дала 10ка, за Македонија осумка, Украина и Молдавија со деветки, за Србија и БиХ 7ка за напредокот

November 4, 2025
Скриншот

Почина поранешниот американски потпретседател Дик Чејни

November 4, 2025
Скриншот

Кос: Само со обединување на Европа можеме да обезбедиме мир, слобода и просперитет

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Актерката Даниела Иваноска со потресен говор за театарот во Прилеп: Се доделува признание на театар што всушност не постои, каков апсурд

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk