Италијанскиот селектор Роберто Манчини наскоро ќе ја предводи репрезентацијата на Саудиска Арабија, соопшти „ Gazzetta dello Sport“.
Според италијанскиот спортски весник, 58-годишниот Италијанец на новото работно место за три години ќе заработи околу 90 милиони евра за три години.
Манчини ќе ја подготвува репрезентацијата за Светското првенство во 2026 година.
На 13 август Манчини ја напушти италијанската репрезентација. Претходно беше објавено дека тој си заминал поради несогласувања со претседателот на фудбалската федерација на земјата, Габриел Гравина.