За завршеното асфалтирање на улица „108“ денеска Општина Тетово ги повика медиумите за да изврши промоција, а таму повторно се најде албанско знаме и карта на „голема Албанија“. Иако општината ги повика новинарите на настанот, градоначалникот Биљал Касами вели дека граѓаните го поставиле како одговор, како што рече, на провокации на власта.
Тој упати и порака до власта да не се занимаваат со луѓето и да не ги провоцираат „зошто ќе имаат соодветен одговор“.
На новинарско прашање дали ќе влијае врз соживотот во Тетово, поставување на знаме со карта на „голема Албанија, Касами повторно со одговор дека тоа е реакција на граѓаните во односот што власта го има кон нив.
На 11 август во Тетово беше пречекан косовскиот премиер Албин Курти. На концерт во негова чест човек од публиката вееше знаме со карта на Голема Албанија. Полицијата поднесе прекршочна пријава за Општината затоа што не беше интонирана химната и државното знаме, додека за лицето со знаме на „голема“ Албанија сè уште се води потрага.