Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека е убеден оти процесот за уставните измени во државава ќе заврши успешно во наредните недели и месеци.
-Процесот е започнат, како што гледате целиот свет, и САД и ЕУ, ја поздравија одлуката да го започнеме процесот. Убеден дека овој процес ќе заврши успешно во наредните недели и месеци, изјави Османи за МИА при учеството на Бледскиот стратешки форум.
Тој порача дека форумот е уште една платформа да се испрати порака дека мора да се направи посуштински исчекор за интеграцијата на Западане Балкан во ЕУ до 2030 година.
-Ова е уште една платформа каде можеме не само ние туку и земјите од Западен Балкан да се сретнат со Европската унија и да ја дадат пораката дека мора да се направи посуштински исчекор во процесот во овој нов геополитички контекст во кој се наоѓа Европа и оти оваа декада мора да биде декада на Западен Балкан. Мислам дека пораките од сите страни се такви, дека до 2030 Западен Балкан треба да биде дел од ЕУ, рече Османи.