ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Бектеши одговори дали ќе има мерки за инфлацијата

August 29, 2023 15:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Мерки за инфлацијата може да нема, а може и утре да има, рече денеска министерот за економија Крешник Бектеши по работниот состанок со раководството на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).

Одговорајќи на новинарски прашања, Бектеши рече дека тоа ќе завизи од анализите кои се добиваат на дневна основа, и од Државниот пазарен инспекторат и од Секторот за трговија на Министерството за економија.

Според него, во делот на трговијата, освен замрзнување на цените, има и други механизми кои може да се воведат, како утврдување маржи за одреден производ, селективно, ако има проблеми во одредена индустрија, но, сепак, и тоа треба да произлегува од соодветна анализа во која се вклучени сите институции.

Компаниите се против замрзнување на цените. Порачуваат дека државата може да воведе и други мерки, како што е намалувањето на даноците.

Во овој контекст, и бизнисот и министерот Бектеши од прес-конференцијата во СКСЗМ упатија критики за работата на Комисијата за заштита на конкуренцијата. како што предочи Бектеши, Комисијата од почетокот на КОВИД – кризата до денес не излегла со ниту една претставка, ниту презела конкретна мерка за нечие неетичко однесување, за нефер трговска практика или здружување на одредени компании и концентрација на моќ на одредена фирма.

-Треба да имаме конкретни анализи каде се случува поскапувањето – дали во ланецот на трговијата или има нови цени формирани од страна на производителите. Во делот на одредени производи ние сме повеќе зависно од увоз и таму не можеме да имаме никакво влијание. За домашните производи секако дека имаме механимзи и такви механизми веќе имплементираме. Производствените компании во земјава добиваат милионски суми како директна финансиска поддршка од Владата годишно за секоја инвестиција и да се книжат и тие грантови што ги добиваат во формирање на производните цени за мене е неприфатливо, рече Бектеши во врска со поскапувањето на одредени прехранбени производи.

Министерството за економија, подвлече Бектеши, веќе почна процес за зајакнување на можностите што би ги имала Комисијата за заштита на конкуренцијата. За оваа недела најави состанок со Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) на кој, како што рече, ДПИ ќе ги добие насоките за постапување согласно Законот за заштита на потрошувачите.

-Ако е потребно, секако дека можеме да носиме времени мерки, но мојот личен став и на Министерството за економија го знаете кога се случуваат вакви неконтролирани зголемувања кои не се основани. Ако има здружение на одредени сектори, јас сум за да се оди и на Законот за заштита на потрошувачите каде што се предвидени поригорозни мерки од прекршочните кои се хармонизирани со Законот за прекршоци, а таму знаете кои се ригорозните мерки. Таму има и забрана за вршење на дејност, потсети министерот.

Веќе неколку месеци, потенцира, Министерството за економија бара експедитивност од страна на некои институции, било да се независни или кои даваат извбештај директно на Владата, алудирајќи на Комисијата за заштита на конкуренцијата.

-Да не постапат институциите во вакви кризи само со пријави или најави на потрошувачи или ќе излезе нешто во медиуми и потоа прават контроли. Обврска на институциите што треба да направат инспекциски надзор е да контролираат и да прават редовни инспекциски надзори согласно програмите на неделно, месечно, годишно ниво. Не може да оставаме таквите институции да не бидат експедитивни и со месеци по најава на одреден потрошувач да преземат соодветна мерка. Помиваме неколку кризи, а јас уште не сум слушнал да има претставка од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата. Ние не можеме да се мешаме во работата на таа Комисија директно, зашто се избира од Собранието на Северна Македонија. Затоа почнавме измени во Законот со кој се определува работата на оваа Комисија. И ова не може само во време на криза. Комисијата треба да ги разгледа и другите аспекти – од национален интерес, на одредени компании каде имаше заложба да вршат јавна услуга, а излегуваат во 5 до 12 со став дека ќе ги остават граѓаните без јавни услуги. Такво однесување без да се преземе мерка од Комисијата, во некоја држава не верувам дека може да се случи, истакна Бектеши.

Tags: Бектешиинфлацијамерки
Next Post

(ВИДЕО) По Договорот од Преспа: Ечи македонска музика, се веат македонско и грчко знаме во Лерин

НАЈНОВО

Студија: Отпорноста на антибиотици предизвикува десетици илјади смртни случаи во Германија

August 20, 2025
Генерирано со ВИ

Маск се откажува од плановите за нова политичка партија

August 20, 2025

Скупи – Римскиот град под Зајчев Рид, археолошки бисер кој во себе крие неистражени тајни

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk