„Променетиот назив на државата под имињата на македонските лауреати, на официјалната веб страница на Струшките вечери на поезијата, е пропуст кој предизвика оправдани реакции. Венценосците Блаже Конески и Матеја Матевски, како и бројни поети, добитници на наградата „Браќа Миладиновци“, станаа носители на овие врвни признанија во периодот пред 2019 година. Организаторот морал да го има предвид овој факт“, реагира министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
Министерката го повика директорот на СВП да понесе одговорност за променетиот назив на државата под имињата на македонските лауреати.
„Го повикав директорот на СВП, Тодорче Тасевски, како прв човек на оваа престижна поетска манифестација од светски ранг, да понесе целосна одговорност за овој занемарен факт.
Од одговорните за веб страницата на Фестивалот побарав да се изврши итна корекција на внесените податоци со достојна почит кон великаните на македонската култура“, нагласи министерката.