Македонските ора се вообичаена слика за време на летото во грчките места во кои живее македонско население. На социјалните мрежи се споделува видео од Лерин, од август месец на кое се гледа како заедно се веат македонското и грчкото знаме, а ечи македонска музика и се игра македонско оро.
Она што е променето после Договорот од Преспа е што сега грчката држава воопшто не ги проблематизира ваквите културни настани, а македонското население кое живее во Грција гордо, со крената глава и со добрососедска мисла слободно ги вее македонското и грчкото знаме.
За променетата општествена клима во Грција и во македонско-грчките односи има повеќе сведоштва како што е регистрацијата на Центарот за македонски јазик во Лерин, преводот на книгата на Румена Бужаровска во која официјално стои дека на грчки е преведена од македонски јазик, заедничките филмски продукции и други културни настани.
За сето ова, како и за другите позитивни промени во Грција после Договорот од Преспа порталот Рацин.мк опширно пишуваше во серијата стории „Три дена во Преспа и Лерин“.