ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Мицкоски како Чворовиќ од нашето маало: „Балкански шпион“ од „Али експрес“

August 30, 2023 14:41
in PMD, ДЕНЕС, ФРОНТ
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: СТОЈАН СИНАДИНОВ

Ако имате чувство дека актуелната политичка ситуација во Македонија – во продолжено издание – околу уставните измени и посакуваниот почеток на преговорите за членство во Европската Унија изгледа заплеткана како јазол, тоа значи дека сетилата не ве лажат. На политичката сцена веќе подолго време се дестилирани два блока, проевропскиот и „националниот“, ровот меѓу нив изгледа непремостлив, а датумот за донесувањето круцијални одлуки е месец ноември.

Каков ќе биде резултатот? Без разлика на оптимистичките прогнози и дефетистичките согледувања за иднината (некои велат – и судбината) на Македонија, ми се чини дека увидот во тврдоглавото одбивање на опозицискиот, „национален“ блок предводен од ВМРО-ДПМНЕ за прифаќање на уставните измени – кои ги сметаат за „бугарски диктат, а не европска норма што треба да се исполни, па потоа да се тргне од самиот почеток на преговори за членство во ЕУ – ќе ни беше појасен ако имавме некоја информација повеќе. Каква?

Па, на пример, за омилен(и) филм(ови). Зошто да не?! Дури и кога сакате да се регистрирате како корисник на некоја социјална мрежа, при креирање на вашата сметка (акаунт) треба да наведете, меѓу другото, кои се вашите интересирања, омилени песни, книги и филмови… Дали домашната политичка сцена би била побистра доколку ги имаме тие информации за нејзините протагонисти?

Во актуелниов случај, ако го набљудубвате лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, неговата политичка ролја неодоливо потсетува на ликот на Илија Чворовиќ, во извонредно толкување на Данило Бата Стојковиќ, од драмата „Балкански шпион“ на Душан Ковачевиќ од 1983 г. Следната година беше успешно екранизирана и се вброи меѓу култните филмски дела на ексјугословенската кинематографија. А кога терминот „чвор“ од презимето на главниот јунак го преведете на македонски, добивате јазол. Токму таков каков што сега имаме, дури и без преведување, бидејќи и ние алтернативно ги користиме фразите „чвороса“, „чворосано“ како синоними за нешто заплеткано.

И без лингвистичките ескапади, совпаѓањата се прилично занимливи. Илија Чворовиќ, ситен службеник, е лик кој мисли дека е верен комунист и безбедносно корисен граѓанин на неговата земја СФРЈ во 80-те години, но е и скриен сталинист. За тоа има и тапија во вид на отслужена двегодишна робија во времето на Информбирото (1948 г.), но ја „увидел“ својата заблуда. Кога, пак, во неговиот потстанар – модниот кројач Петар Јаковљевиќ, кој по дведецениски гурбет во Париз се враќа во родната земја со идеја да почне приватен бизнис – ќе препознае „шпион на ЦИА и Западот“, кај Чворовиќ ќе зоврие старата љубов кон Истокот. Бидејќи, меѓу другото, нема подобар автомобил на светот од руски „москвич“, а и модата на препознатливите бркови „а ла Сталин“ за него е вечна.

И, така, Чворовиќ започнува да го следи Јаковљевиќ: неговите средби со потенцијалните партнери за отворање модна конфекција ги прогласува за средби со странските служби на кои им предава доверливи информации за безбедносните прашања на земјата. Практично ќе го киднапира потстанарот, ќе го затвори во подрумот, ќе го повика неговиот брат близнак Ѓуро – со исти бркови, и со малку подолг стаж зад решетките заради истите идеолошки убедувања – и започнува тортурата за извлекување на признание од сиротиот гастарбајтер-повратник во татковината.

Ковачевиќ го создал „Балкански шпион“ пред точно 4 децении како рефлексија не само на репресивниот безбедносен апарат во некогашна Југослабвија, туку и на сите тоталитарни, диктаторски општества. Притоа, не се работи само за институционална будност на безбедносните служби, туку повеќе за лични пројави на одбрана на земјата, нацијата, идентитетот, јазикот, верата (слободно можете да додадете и други „вредности“). Со други зборови, не ви се потребни институциите на државата да држите некој нејзин државјанин, или поголем дел од неа, како заложник.

Затоа, во „Балкански шпион“ постојните безбедносни институции го третираат Чворовиќ за здодевен „чесен и буден“ граѓанин кој постојано ги пријавува активностите на неговиот потстанар како суверзивни. А Чворовиќ смета дека тие безбедносни институции затаиле во будното следење на надворешниот непријател и неговите внатрешни помагатели, кои, нели, „никогаш не спијат“, како што гласеше своевремената парола на општонародната одбрана и самозаштита.

Мицкоски пред неколку дена изјави дека Европа и светот прават стратегија како да го скршат ставот на ВМРО-ДПМНЕ. „Македонскиот народ денеска е исправен можеби пред најголемиот егзистенцијален предизвик, а тоа е да се избори за себе и за својата Македонија. Дали тоа ќе го направиме? Да! Ќе се избориме сите заедно, затоа што ја чувствувам поддршката на народот каде и да одам низ Македонија. Во таа борба има многу предизвици, и од внатре и од надвор…“. Звучи познато?

Сепак, македонскиот Чворовиќ во таа беспоштедна борба не е толку скромен. Нема да чека само орден за Денот на независноста или некое слично високо одличје, туку премиерското столче. Бидејќи борбата за Македонија е „негова патриотска должност“, а најголемото задоволство ќе му биде што ја извел нацијата на „вистинскиот пат“.

Ако успее во тоа, кој знае, можеби и Апасиев нема да нè стрела!?

Оваа запрепастувачка сличност има само една фалинка: цели 40 години подоцна од драмата/филмот ние сме сè уште заробени во теориите на заговор што сакаат да нè уништат.

Па до кога, бре?!


Текстот е личен став на Авторот. Преземено од Рацин.мк

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Мицкоскиуставни измени

НАЈНОВО

Фото: Скриншот

Во израелските напади врз Појасот Газа убиени 20 луѓе

July 5, 2025
Фото: ВИ

Трамп „многу незадоволен“ од разговорот со Путин за Украина

July 5, 2025
Фото: ЕПА/МИА

Во Еквадор запленети три тони кокаин, кои и припаѓале на албанската мафија

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонецот е куељовски јунак кој седи на ритчето и во долината го посматра сопственото умирање!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk