ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Шефчович: Нема да отстапиме од поставените климатски амбиции, но нема ни да инсистираме на нови

August 30, 2023 10:02
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија нема да отстапи од своите поставени климатски амбиции, но нема да инсистира ниту на дополнителни мерки, порача еврокомесарот Марош Шефчович, кој минатата недела беше именуван за извршен потпретседател на Европската комисија за Европскиот зелен договор и за меѓуиниституционални односи, по повлекување на досегашниот член на ЕК одговорен за климатската политика на блокот Франс Тимерманс.

Шефчович ја презеде одговорноста за спроведување на Европскиот зелен договор во услови на растечко противење на одредени делови од новите еколошки правила на ЕУ и кога конзервативните европратеници и некои од владите на земјите членки бараат забавување на примената или паузирање во воведувањето на новото европско законодавство за животната средина.

Во своето прво интервју по именувањето на новата должност, Шефчович нагласи дека има потреба „да се реагира на некои од забелешките“, но дека планира да застане во одбрана на климатските напори на Унијата.

– Нема да ја разводниме нашата амбиција, затоа што би било како да си пукаме во нога, изјави Шевчович.

Запрашан дали планира да иницира кампања за построги цели за намалување на емисиите на штетни гасови со цел постигнување климатска неутралност до 2040 година, како што побара генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, Шевчович нагласи дека Европската комисија ќе го почитува законодавство на ЕУ.

– За нас како институција, клучно е да ги почитуваме нашите правила, да го почитуваме европското право, а тоа предвидува климатска неутралност во 2050 година, рече Шевчович.

Тој изрзи резерви кон предлогот на Гутереш, оценувајќи дека „многу амбициозна“ е дури и целта поставена во Европскиот закон за климата за постигнуваање на климатска неутралност до средината на овој век.

– Би бил исклучително задоволен да има и други големи економии што ќе го следат нашиот пример, порача Шефчович.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера им предложи на Советот на ЕУ и на Европскиот парламент да го именуваат актуелниот холандски министер за надворешни работи Вопке Хукстра за нов еврокомесар задолжен за климатската политика на ЕУ.

Хукстра, кој ќе го наследи Тимерманс како холандски претставник во Европската комисија, и како што најави Фон дер Лајен, ќе работи под раководство на Шефчович.

Tags: ЕКЗелен договорМарош Шефчович
Next Post

Груевски до Мицкоски: Доаѓам, издржи уште малку!

НАЈНОВО

Скриншот

ДИК ги соопшти првичните официјални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори

November 3, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk