Пратеничката и претседателка на Либерално-демократската партија Моника Зајкова во интервју за Рацин.мк вели „да живееш во постојан страв дека сите ти се непријатели и дека еден ден ќе ти одземат се е само израз на сопствената несигурност“.
За Зајкова постојаната реторика за избори во тек на значаен процес влева сомнеж дека сепак проблемот на опозицијата не е во дополнувањата на Уставот, ниту во стратешката определба за ЕУ, туку исклучиво во прашање е освојување на власта сега или никогаш, по секоја цена.
Зајкова за Рацин.мк вели дека доколку до ноември не се создадат услови за одржување на Втората Меѓувладина конференција со ЕУ, опозицијата повторно ќе не внесе во чекална, во која поминуваме години и години.
„Пратениците се народни избраници и не треба секогаш да ги следат исклучиво партиските ставови. Секој пратеник треба да носи одлуки по сопствена волја и согласно неговата визија за тоа каква треба да биде државата и каде ја гледа, во корелација со стратешките интереси кои сме ги поставиле. Ако сите сме согласни дека сме за напредок на државата на евроинтегративниот пат тогаш тоа треба да го покажеме освен со зборови и на дело. Од празни зборови и популизам останавме години во ЕУ чекалната. Затоа кога стоиме пред одговорна и тешка одлука, потребни се државнички решенија, а не да се создава нов конфликт, да се креираат непријатели и да се сее страв. Да живееш во постојан страв дека сите ти се непријатели и дека еден ден ќе ти одземат се е само израз на сопствената несигурност“, истакна Зајкова.
Со пратеничката и претседателка на Либерално-демократската партија Моника Зајкова разговараше Љубиша Николовски. Целото интервју, тука.