На денешниот управен одбор на Агенцијата за енергетика на РСМ, Дарио Николовски е избран за Директор. До сега ја вршеше функцијата В.Д. Директор на истата институција.
Изјава од директорот:
Денес енергетската слика е променета, државата се покажа подготвена со капацитет, факт е дека во време на енергетска криза обезбедивме и струја и парно, рестрикции немаше, а сметките не се зголемија, дури и за малите компании на регулиран пазар кои се околу 70 илјади на број имаше 20 % намалување на сметките. Тоа значи дека вклучувањето на ладната резерва ТЕЦ Неготино, која стратешки се држи под мраз 12 години за не дај боже, се покажа како одличен стратешки пристап. Сега ние се подготвуваме и се разгледуваат сценаријата согласно севкупните геополитички и економски случувања за грејната сезона која доаѓа. Значи од една страна додека се преземаа чекори за да се обезбеди сигурно и стабилна испорака на енергенси, а од друга страна обезбедивме предуслови да може да се реализираа “Елдорадото” во обновливи извори – со што инвестицискиот циклус беше поттикнат и даде резултат. Денес имаме капацитети кои се на ниво на инсталиран капацитет близу еден блок на РЕК Битола, имаме инвестиции од кои може со струја да се снабдуваат може да се снабдуваат над 10 градови низ земјава. Од 1 декември ќе има евтина струја во периодот од 13 до 15 часот, Електродистрибуција има рок до тогаш да ги усогласи сите 700 илјади броила за домаќинствата.