ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Пендаровски: Никој од ЕУ не рекол дека Западниот Балкан нема да влезе во Унијата додека не се спроведат внатрешните реформи

September 1, 2023 14:32
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Ниту еден официјален претставник на ЕУ не рекол дека Западен Балкан нема да влезе во ЕУ се додека Унијата внатрешно не се доуреди, изјави претседателот Стево Пендаровски, кој одговараше на новинарски прашања по актуелни теми за време на неговата посета на Охрид.

– Ние што подолго ги следиме процесите на европските интеграции знаеме дека тоа не е ништо ново. Макрон на почетокот на својот говор, специфично во тој дел каде зборува за внатрешно преуредување на ЕУ вели: ова што го кажувам сега ви го кажав и пред пет години. Тоа е неговата стара идеја за продлабочување, пред проширување или продлабочување со проширување, рече Пендаровски.

Притоа тој нагласи дека францускиот претседател Емануел Макрон нема ниту една изјава во која вели дека Западниот Балкан не треба да влезе во ЕУ пред да се спроведат реформите во рамки на самата Унија за кои зборуваше пред пет години.

– Франција беше спонзор на европската преговарачка рамка која ја усвоивме минатата година. Дека тоа е така зборува и г-ѓа Бун, која е министер за Европа во Администацијата на Макрон. Таа сигурно знае што мисли нејзиниот шеф. За тоа се потврда и зборовите на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој е најблизок политички пријател на Макрон и секоја голема идеја во Европа што ја промовира Макрон, Шарл Мишел истиот момент ја прифаќа. Ако поради домашни политички причини барате изговор зошто не гласате за продолжување на патот на Македонија кон ЕУ и велите дека ние сме спремни да гласаме за Европа, но Макрон не не сака, тоа е друго. Да бидеме прецизни, реални и фер спрема нашите европски пријатели, досега ниту еден од европските официјални лица не рекол дека Западен Балкан нема да влезе, ниту една од шесте држави, додека ние внатрешно не се доуредиме, рече Пандаровски.

Според него, без внатрешни опструкции какви што прави опозицијата, можно е и пред 2030 да има проширување на ЕУ што, како што повтори, го истакнала француската министерка за Европа.

– Секој разумен човек ги знае аргументите ’за’ или ’против’. Тоа е сосема јасна дилема. Имаме седум народи и делови од народи во Уставот, проблем ли е да ставиме уште шест делови од народи во истиот тој Устав. Како тоа ќе ја загрози Македонија. Или како второ, ако имаш политички причини чекајќи ги следните избори за да дојдеш на власт и потоа да мислиш за Европа, тоа е друга работа. Тоа не е стратешко размислување, тоа е теснопартиско размислување што сигурно се судира со стратешките интереси на Македонија, рече претседателот Пендаровски.

Tags: ЕУСтево Пендаровски
Next Post

Хитовите „тешки“ над пет милијарди слушања пристигнуваат на големиот Get EXITed спектакл во Струмица

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Реал Мадрид го доби „Ел Класико“ – славеше со 2:1

October 26, 2025

Шахистите на Алкалоид по третпат со вицешампионската титула на Европскиот куп

October 26, 2025

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Куманово може поинаку: Горан Стојковски Диро ја бара поддршката од сите кумановци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ландо Норис ја освои пол позицијата на трката за Големата награда на Мексико

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Земја во која концепциски се проектираат граѓани од втор ред, оние од првиот ред мора да се мајмуни!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ: Македонската политичка елита ја подготвува јавноста за интеграција во „српскиот свет“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk