ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Битиќи ќе поднесе преставка до КЗК за да се провери дали трговците здружено ги зголемувааат на цените на производите

September 3, 2023 15:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи најави дека во вторник во Комисијата за заштита од конкуренција лично ќе достави претставка за да се провери дали трговците здружено ги зголемуваат цените на основните прехранбени производи.

– Во вторник во 10 часот ќе одам во Комисијата за заштита од конкуренција да доставам преставка за да почнат да постапуваат во млечната индустрија и во други индустрии, рече Битиќи денеска одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на ИПАРД 3 програмата во Скопје.

Претходно, од Комисијата за заштита на конкуренцијата изјаснија дека тие не можат самоиницијативно да ги проверуваат трговците дали здружено ги договараат цените и дека за да постапат потребно е да биде поднесена преставка.

Во вторник на седница на Влада, како што најави Битиќи, ќе биде донесена и мерка во делот на млечната индустрија поради недостигот на млеко со што производителите ќе може соодветно да интервенираат.

– Ние не може да им ги намалиме цените за тие да работат со загуба. Тоа никој не го очекува, но исто така не можеме да дозволиме на грбот на производителите и на грбот на граѓаните, најголемиот профит да го прават оние кои ги продаваат продуктите, рече Битиќи.

Во однос на зголемените цени на овошјето и зеленчукот, Битиќи посочи дека земјава е се уште увозно зависна, но дека домашното производство на храна е зголемено во однос на 2016 година.

– Кога имате земја која е увозно зависна за основните прехранбени производи не може да очекувате дека за пет години ќе ја направите извозно ориентирана за да обезбеди доволни количини за домашниот пазар и плус да извезе. Денеска се произведува за 70 проценти повеќе од 2016 година, но не е доволно за да обезбеди целосно домашно производство за домашниот пазар, рече Битиќи.

Tags: Битиќитрговцицени
Next Post
Димитар Ковачевски

Ковачевски: Одговорноста има име и презиме, по 20 години за прв пат има обемна акција на МВР и Јавното обвинителство на Клиниката за онкологија

НАЈНОВО

Фон дер Лајен и Зеленски од Брисел: Само Украина може да решава за своите граници, убивањето мора да се запре

August 17, 2025

Зеленски и повеќе европски лидери утре на средба со Трамп во Вашингтон

August 17, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

August 17, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Прво кривична, па изборен праг – ептен случајно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што пишуваа германските медиуми за ескалацијата во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk