ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПРАВДА

Јавно Обвинителство: Сите наводи за Клиниката за онкологија ќе бидат истражени, а сторителите на кривични дела гонети

September 4, 2023 11:50
in ДЕНЕС, ЗДРАВСТВО, ПРАВДА
Основното јавно обвинителство. Фото: МИА

Основното јавно обвинителство. Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Јавното обвинителство и Министерството за внатрешни работи, врз основа на своите законски надлежности, интензивно преземаат дејствија за испитување на наводите за евентуално сторени кривични дела поврзани со третманот на пациенти и работата на Клиниката за онкологија, и во тој контекст информираат дека веќе се издадени соодветните наредби за анализа на одземените компјутери и компјутерски податоци при претресите, како и дека истражните органи вршат распити на сите лица кои имаат сознанија за противправни дејствија.

– Основното јавно обвинителство Скопје ќе формира тим од стручни лица кои ќе ја анализираат медицинската документација за водење на пациентите и администрирање на терапијата. Министерството за внатрешни работи, како орган на откривање на сторители на кривични дела, презема и други дејствија кои во моментов не можат да се споделат со јавноста, но со директна цел – да се дојде до вистината и евентуалната кривична одговорност. Во истиот момент кога за конкретно лице ќе бидат обезбедени доволно докази за основано сомнение дека сторило кривично дело, обвинителството ќе ја информира јавноста, информираат од Јавното обвинителствот на Република Северна Македонија.

Од ЈОРСМ, исто така, посочуваат дека во континуитет сe издаваат наредби и се обезбедуваат докази кои треба да ја проверат вистинитоста на наводите изнесени во новинарските истражувања објавени во последните  недели, нагласувајќи дека во тоа целосно соработуваат и помагаат и раководството на Клиниката за онкологија, но и друг лекарски и медицински персонал.

– Јавното обвинителство ја уверува јавноста дека сите наводи ќе бидат до крај истражени, а сите евентуални сторители на кривични дела ќе бидат соодветно гонети. Целата постапка од првиот момент се води максимално транспарентно и со почитување на сите законски процедури, се вели во соопштението од ЈОРСМ.

Од ЈОРСМ, посочуваат дека се свесни за чувствителноста на оваа тема за огромен број засегнати граѓани, но апелираат на воздржаност од предвремено прејудицирање за текот на постапката и за одговорност на кое било лице.

– Ширењето на непроверени информации и нарушувањето на пресумпцијата на невиност може сериозно да наштети на постапката и да ги одврати сведоците да соработуваат. Јавното обвинителство ги охрабрува сите оние кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи, информираат од ЈОРСМ.

Основното јавно обвинителство Скопје од претходно веќе води три постапки за изолирани случаи на обид за кражби на лекови и поткуп поврзани со Клиниката за онкологија, од кои едниот е веќе во судска постапка. И последните наводи, посочуваат од ЈОРСМ, ќе бидат детално проверени, а за сите резултати од преземените дејствија јавноста ќе биде веднаш известена.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ЈОонкологија

НАЈНОВО

САД му помогна на Израел да пресретне ирански ракети, Нетанјаху со закани кон Иран – „уште повеќе се на пат“

June 13, 2025

Ракетни напади на Иран ги тресат зградите во Израел, има повредени

June 13, 2025

(ВИДЕО) Иран лансирал ракети кон Израел, експлозии во Тел Авив

June 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонија полека но сигурно станува мала Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поради притисоци по поддршката на студентите, овој EXIT ќе биде последен во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Индискиот авион се урна врз хостел за лекари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонија поведе против Молдавија во Дејвис купот, Мицов го донесе првиот поен

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Каја Шукова на НоваТВ: Владата на ВМРО-ДПМНЕ нема план ни за со ЕУ, ни без ЕУ, и тоа сериозно треба да ги загрижи граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk