ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Ковачевски верува дека нема да фалат пратеници за изгласување на уставните измени, Мицкоски продолжи да повторува „бараме избори“

September 4, 2023 08:56
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фотомонтажа: РИБАРО

Фотомонтажа: РИБАРО

Премиерот Димитар Ковачевски верува дека пратениците ќе го поддржат евроинтегративниот процес на државата и дека нема да фалат пратеници за изгласување на уставните измени. Тој повтори дека двотретинското мнозинство е потребно за понатамошното продолжување на евроинтегративниот процес на земјава, но не и на Владата која има 65 пратеници со кои е изгласана.

-Сите членови на Парламентот имаат обврска да го поддржат европското движење на државата затоа што младите заминуваат од државата во земји од ЕУ бидејќи таму има економски просперитет, владеење на правото, социјална правда и владеење на демократија. Тоа го сакаат нашите граѓани и тоа го сакаме и ние, рече Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања по презентацијата на новата ИПАРД 3 програма.

Верува дека скрининг процесот ќе заврши успешно и дека откако ќе бидат донесени уставните измени, ќе може да ги отвориме сите поглавја.  – Тоа ќе биде нов процес и импут за државата кога ќе почнат реформите од сите аспекти, рече Ковачевски.

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во колумна за евроинтеграциите, оценува дека процесот на проширувањето на ЕУ, особено во однос на Западен Балкан, со децении е предмет на силна реторика, ветувања и разочарувања. За многумина, фрустрациите произлегуваат од долгогодишниот пристап на ЕУ поедноставен во фразата „сѐ или ништо“, што значи, треба да ги исполните сите критериуми и дотогаш нема да почуствувате многу придобивки за вас. Сепак, надежта, додава тој, се појавува во форма на нова парадигма: „Интеграција пред членство“.

-Наместо бинарен процес за членство, овој ревидиран пристап им овозможува на државите – кандидати да почнат да ги искусуваат предностите на интеграцијата постепено, врз основа на исполнување на одредени критериуми, но пред да добијат статус на полноправно членство. Оваа транзиција значи дека кандидатите можат да почувствуваат првична корист од економските, социјалните и политичките системи на ЕУ и да придонесуваат во истите пред да се формализира членството, наведува министерот Османи.

Клучен предуслов на оваа парадигма, подвлекува тој, е дека не претставува алтернатива на полноправното членство. Земјите од Западен Балкан нема да прифатат ништо помалку од полноправно членство.

-Во суштина, префрлањето на фокусот од конечното членство на тековниот процес на интеграција е win-win решение. И кога ЕУ вели дека треба да се реформира, тоа не треба да се сфати како создавање нови пречки за проширувањето, туку напротив – да се создадат услови што ќе им овозможат да нè имаат како нови членки наскоро, оценува министерот за надворешни работи Османи.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, пак по координација со пратеничката група истакна дека пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нема да ги поддржат уставните измени и по којзнае кој пат повтори „барме предвремени парламентарни избори“.

Tags: Димитар Ковачевскиуставни измениХристијан Мицкоски
Next Post

Тренчевска во Босилово на отворање на детеска градинка и Центар за стари лица

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk