ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

МОН: Родителите на средношколците со атипичен развој да се обраќаат до самото училиште за обезбедување на образовен асистент

September 4, 2023 14:57
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Додека не се донесе новиот Закон за средно образование, што е во процедура, родителите на средношколците со атипичен развој да се обраќаат до самото училиште за обезбедување на образовен асистент, велат од Министерството за образование и наука во одговор на прашање од „Фронтлајн“ за тоа „Што презема МОН за обезбедување на образовни асистенти за средношколците со атипичен развој?“.

„Со изработката на новиот Закон за средно образование кој е во процедура, услугата образовна асистенција бесплатно ќе се воведе и во средните училишта, а во меѓувреме за оваа цел образовни асистенти за средношколци во општински средни училишта се ангажираат преку програма за општинско корисна работа, склучена помеѓу општините, Град Скопје, МОН, МТСП и УНДП како финансиер. Родителите на учениците се обраќаат до самото училиште за обезбедување на образовен асистент“, стои во одговорот од МОН на прашањето од Фронтлајн.

На првиот училишен ден, родители на средношколци со атипичен развој реагираат дека и оваа година не се обезбедени образовни асистенти за овие ученици.

„Започна уште една школска година во која државата не обезбеди образовни асистенти за средношколците со атипичен развој! Законот за средно образование заглавен во лавиринтите на неспособност, незаинтересираност, бахатост стои во некоја фиока да собира прашина“, реагираше во објава на Фејсбук, Доминика Кардула.

Таа истакна дека „дискриминацијата пак вирее на отворено, затворено и во сите сегменти од животот на лицата со атипичен развој!“.

Ј. Ѓорѓиоски

Поврзано:

Реакција на родители: Уште една школска година во која државата не обезбеди образовни асистенти за средношколците со атипичен развој

Tags: МОНобразовен асистентсредношколци со атипичен развој
Next Post
Џабир Дерала

Политикантска банда што профитира од лагите, а најмногу од тагата и гневот на обичните луѓе

НАЈНОВО

Како се регулира онлајн коцкањето

October 23, 2025

Два руски воени авиони навлегле во воздушниот простор на Литванија

October 23, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

Заклучоци од Самитот на ЕУ: Конкурентност, поедноставување и избалансирани транзиции

October 23, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Анаис

    Дневен хороскоп со Анаис – 23 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Судбоносно „ДА“ или опасно „НЕ“ – Македонија пред европскиот тест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лина Ѓорческа ја елиминираше четвртата носителка Бранкачо на турнирот во Роверето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почна 40. јубилејно издание на „Макфест“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk