ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Костадиновска-Стојчевска: Македонската култура и Скопје имаат капацитет да бидат Европска престолнина на културата во 2028

September 5, 2023 13:57
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, РЕПУБЛИКА

Mинистерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, оствари средба со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, како подготовка пред заедничкото претставување на апликацијата „Скопје – Европска престолнина на културата во 2028 година“ што ќе се одржи во Европската комисија во Брисел.

Во седиштето на ЕУ во септември ќе се одржи панел-дискусија на која независни експерти назначени од институциите и телата на Европската Унија ќе ги оценуваат апликациите. Во потесниот круг за оваа престижна титула на натпреварот меѓу градовите  на ЕФТА/ЕЕА се влезени Скопје и Будва.

– За нас, апликацијата „Скопје – Европска престолнина на културата“ е од огромно значење бидејќи ќе донесе афирмација на македонската култура во сите нејзини сегменти, од културното наследство до современата архитектура и изведувачките уметности. Да се биде град кој една година ќе биде во фокусот на европската културна јавност, е престиж и привилегија кои ги поттикнуваат сите домашни ресурси за исполнување на условите – од организациски, просторен и од програмски аспект. Да се биде „престолнина на културата“ е можност за анимирање многу општествени, културни и економски капацитети и придобивки на Градот Скопје и на целата држава. Убедена сум дека културата, нашите институции и независната сцена, поединци и културни оператори имаат капацитет за изготвување програма со европски квалитет и вредности. Впрочем, голем број од нив тоа веќе и го докажуваат преку вклученост во мрежата на европските фестивали и настани – рече министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска.

Со градоначалничката Арсовска беше разговарано за заедничките заложби што Градот и Министерството за култура ќе ги вложат во периодот пред панел-дискусијата во Брисел за потребата од истакнување на квалитетот и капацитетите што ги имаат Скопје и Северна Македонија за да бидат домаќини на европски уметници, за учеството на нашите експерти во евалуацијата на апликациите. Соговорничките се договорија да изготват заедничка платформа за претставување на културната сцена на Северна Македонија и на потенцијалите што ги има државата за искористување на европските фондови и можности и поголема присутност преку програмата „Креативна Европа“ пред ЕУ. Арсовска и Костадиновска-Стојчевска со оптимизам го најавуваат македонското претставување на панел-дискусијата во Брисел, потенцирајќи ја нашата органска поврзаност со европските вредности, а тоа се надеваме дека ќе биде потвредено преку позитивниот резултат од нашето кандидирање за „Европска престолнина на културата“.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаДанела Арсовскаевропски град на културатаСкопје
Next Post

Случај „Онкологија“: Левица и ВМРО-ДПМНЕ ги киднапираа тагата и револтот на граѓаните од грозниот коруптивен скандал

НАЈНОВО

Мицкоски вели „јасен е победеникот на локалните избори, а тоа е владејачкото мнозинство“

August 20, 2025
Фото: Фронтлајн

Одложено судењето за предметот „Адитив“

August 20, 2025

Тамара Котевска со приказна за штрковите со светски премиери во Венеција и Торонто

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk