ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Амбасада на САД: Се надеваме дека измените на Кривичниот законик се усогласени со меѓународните стандарди

September 7, 2023 21:45
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадата на САД во Скопје допрва ќе ги разгледува измените на Кривичниот законик кои предвидуваат намалување на казните за злоупотреба на службената положба и за злосторничко здружување, а кои вчера по скратена постапка, беа усвоени во парламентот.

-Не ги видовме измените на Кривичниот законик неодамна воведени во парламентот. Со нетрпение очекуваме да ги разгледаме и се надеваме дека се усогласени со меѓународните стандарди и правните процеси, велат од Амбасадата на САД за ТВ 24.

Претседателот Стево Пендаровски, денеска одлучи да го потпише Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик, известуваат од кабинетот на шефот на државата.

– Со измените во Кривичниот законик, усвоени од Собранието, не е предвидена амнестија за кривичните дела сторени во вршење на службата. Напротив, казни и понатаму се предвидени за сторителите на тие дела, со тоа што со овие измени акцентот е ставен и на т.н. проширена конфискација на имот. Во тој дел измените на Законикот се усогласени со eвропската Директива за замрзнување и конфискација на предмети и имотна корист, која освен казната затвор, фокусот го става на одземањето на имотната корист од сторителите на овие кривични дела, се наведува во соопштението.

Претседателот Пендаровски, како што се нагласува, очекува мерката проширена конфискација на имот да не остане само на хартија како што е досега, туку многу почесто да биде применувана во пракса и во сите случаи на констатирани злоупотреби во вршењето на службата, незаконски стекнатата имотна корист и злоупотребените средства да бидат вратени во Буџетот.

Вчера со 48 гласа „за“, 36 „против“ и еден „воздржан“, Собранието на 125. Пленарна седница ги донесе измените и дополнувањата на Кривичниот законик.

Поврзано:

Пендаровски го потпиша Указот за прогласување на Законот за изменување и дополнување на Кривичниот законик

Tags: амбасада на САДКривичен законик
Next Post

Груби му пиша на Максим Димитриевски: Дали во Будимпешта договори гласови да ти даде ВМРО на локалните избори?

НАЈНОВО

Анаис хороскоп

Викенд хороскоп со Анаис – 25 и 26 октомври

October 25, 2025
ФОТО: ДУИ

Ахмети: Не изгубив на избори за да се повлечам, НАИ освои 159 советници а Вреди 122

October 24, 2025
ФОТО: Фејсбук Пивковски

И независниот кандидат за градоначалник на Могила се повлече од вториот круг во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ

October 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски со закани до албанските партнери: „Внимавајте како се однесувате, да не завршите како Али Ахмети“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Почнува зимскиот распоред на летање, Скопје и Охрид добиваат 10 нови дестинации

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Ѓуптин е човек без чест и без достоинство, Ромите не ги спомнувам никаде – ‘џупска работа’ значи кражба“ – демантот на Љубе Темелков, советник на МААК во Неготино

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Лопатка: Да ја искористиме шансата и да ја прошириме ЕУ, оптимист сум за Северна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 24 октомври

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk