ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Мрежата од странски македонисти во светот е огромен потенцијал за афирмација на македонскиот јазик и култура

September 7, 2023 09:49
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ОПШТЕСТВО

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Оваа година на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) имаше рекордни 70 учесници, после рестриктивните години на пандемијата со ковид.

За време на нашата посета во Охрид, сите учесници со кои контактиравме, од повеќе генерации, со радост и ентузијазам говореа за можноста повторно, или за прв пат, да бидат на семинарот.

Сите тие се дел од мрежата од странски македонисти во светот којашто има огромен потенцијал за  афирмација на македонскиот јазик и култура

Оваа година дојдоа најголем број семинаристи што досега доаѓале од НР Кина. Во Кина веќе се одвива настава по македонски јазик, а минатата година за првпат беше избран лектор и се прави сè Лекторатот да започне забрзан развој.

Повторно има семинаристи и од САД, Јужна Кореја и Италија, а од Турција, покрај семинаристи од Истанбул, и годинава има и од Анкарскиот универзитет.

На оваа Летна школа има учесници и од Албанија, од каде што стигна веста дека од оваа академска година повторно започнува со работа Лекторатот по македонски јазик во Тирана.

По 2-3 години се вратија и семинаристи од Романија, на школата има учесник и од Украина и се зголемува интересот за изучување на македонскиот јазик од семинаристи од Грција.

Се разбира ова лето во Охрид на МСМЈЛК дојдоа македонистите од земји од кои традиционално, без прекин се учесници на Летната школа и тоа од Франција, Полска, Словачка, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Руската Федерација, Чешката Република.

Со дел од лекторите и професорите поразговаравме за придобивките што ги остварува МСМЈЛК, кој во последниѕе години добива силна поддршка и гласност. Прашавме што значи кога 70 семинаристи, кои две или три недели престојувале во Македонија, го изучувале јазикот, се запознавале со литературата и културата, сега ќе се вратат во своите средини. Што можат да проектираат за македонскиот јазик и колку е тоа значајно за нас.

Проф. д-р Славчо Ковилоски од Институтот за македонска литература при УКИМ вели дека важно е што тие семинаристи што еднаш веќе биле како почетници догодина да дојдат пак. После следната година да дојдат пак да го усворшуваат македонскиот јазик. Овде има прв, втор трет степен. Има почетници, но има и веќе што добро го владеат македонскиот јазик, што добро се запознаени со македонската литература, јазик и култура и повторно се враќаат и го унапредуваат.

– Замислете од тие 70-тина, половина нека продолжат да работат, дваесеттина да продолжат од секоја година да ја афирмираат македонската култура во Кина, во Кореа, во Франција, во Словенија, во Хрватска, кај ќе ни биде крајот. Меѓутоа тоа треба да биде проект што не се прекинува, државата треба што повеќе срдства да вложува, да има подобри услови за работа и при тоа да се обидеме и Летната школа и самите македонски образовни институции да продрат низ овие познати македонистички центри во странство. Но, да пробаме да освоиме и нови, непознати досега центри каде што не се изчува македонскиот јазик. Тоа е стратегија, така се работи. Така работи целиот свет. Секаде, по малку по малку за да се стигне до едно ниво каде што барем во секоја земја да имаме по еден македонистички центар ќе бидеме одлични, истакна Ковилоски во разговорот за Рацин.мк.

Целиот текст и видео содржините од Рацин.мк, тука.

Tags: македонистимакедонски јазикМеѓународниот семинар за македонски јазик
Next Post

Во пожар уништена сендвичара кај Градскиот пазар во Охрид

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk