ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Ферментација

September 8, 2023 12:36
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, ПРАВДА, ФРОНТ
Бранко Тричковски

Бранко Тричковски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Прв пат да се согласам со Калајџиев по едно правно прашање со политички импликации: не е важна висината на казните, туку покриеноста на криминалот со казни и, второ, неисплатливоста на криминалот која допрва треба да се обезбеди преку конфискација на имотот стекнат со злоупотреби на службената должност и другите одредби од измените на кривичниот закон.

Правното сито за злоупотребите треба да биде густо како ленено платно, а пропусната моќ за украденото богатство како дупла џоја. Казните, боже мој, две, три пет години, се сосема доволен белег за скотот кој направил злодело и останал без украденото.

Со други зборови, подобро е од сто бандити да осудиш сто души на по две години отколку да фатиш еден и да го осудиш на двеста години.

Мислам дека сите политички актери ќе загубат по нешто, но по нешто и ќе добијат. Вмро ќе ги ослободи од казни своите криминалци и тоа ќе биде единствениот ќар, освен, се разбира, моќта да ги издејствува тие работи по секоја цена, битна и единствено битна цел на нивната политичка платформа со која го збудалеа народот предлагајќи се себе си како единствен заштитик (блаблабла) на националните интереси. Тоа, во политичка смисла, ќе се покаже како катастрофален пораз затоа што ќе отпаднат и бугарските диктати и загрозеноста на нацијата и ревизијата на Преспанскиот договор и анулирањето на измените на уставот и враќањето на старото име (никогаш Северна-само Македонија), односно ќе отпадне вмро-дпмне како такво и никакво.

За кој курац ти е такво срање, ќе мора да се праша и последата кретенчина во РСМ.

Сдсм ќе загуби дел од европската агенда која во очите на народот беше означена како царство на правдата и строгоста, веројатно одредена улога ќе одиграат и сомнежите дека дел од измените се насочени и кон подобра позиција за некои нивни членови, но од друга страна ќе добие по две линии: прво, по тоа што ќе ја одзатне евроинтеграциската цевка (ако ја одзатне) и, второ, по тоа што ќе ја анулира предноста на вмро-дпмне дури и ќе оствари сериозни шанси да го престигне и сјебе скроз на скроз.

Бандитерија која го беше ангажирала целиот народ за да ослободат десет или сто души од затвор, ќе отиде у курац.

Конечно таканаречената јавност односно масата која ја загуби деловна способност во облаците на вмро, ќе мора да се врати во реалноста и да разбере дека постојат неизбежни историски ферментации низ кои мора да помине едно демократски и културно неконсолидирано општество, нација и држава, каква што е Македонија.

Време е да се сврти кон себе и да види што самите можат да направат за себе и за државата.

Времето на хистеријата завршува.

Тоа е најголемата придобивка.

Јавноста да се врати во себе.

Да работи и критикува, а не да седи и да јаде говна.

За вмро.


Текстот е личен став на Авторот.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бранко ТричковскиказниКривичен законик

НАЈНОВО

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

Истражна постапка против возачот на мотор кој го прегази Југослав Николовски

July 4, 2025

Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk