Делагација од украинската амбасада предводена од амбасадорката Лариса Дир, оддаде почит и положија цвеќе во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел. Амбасадорката Дир на социјалните мрежи упати честитка по повод Денот на независноста на Северна Македониа. Таа се заблагодарува на поддршката што Македонија и ја дава на Украина и посака „мир, безбедност и просперитет на великодушната македонска земја“.
Искрено ѝ честитам на 🇲🇰 по повод Денот на Независноста!
Посакувам надминување на сите предизвици на патот кон влезот во ЕУ. Мир, безбедност и просперитет на великодушната македонска земјаИм благодариме на 🇲🇰 за поддржката на 🇺🇦 и избирањето на демократските европски вредности! pic.twitter.com/TEG2EqiCm3
— Larysa Dir (@dir_larysa) September 8, 2023
Утрово и Министерството за надворешни работи на Украина на социјалните мрежи упати честитка за Денот на независноста.
Our sincere congratulations to North Macedonia on the #IndependenceDay! Ukraine appreciates the support provided in the period of trials. We are united by European aspirations & share the same values. Wishing the people of 🇲🇰 peace, prosperity, and well-being.
🇺🇦🤝🇲🇰@MFA_MKD— MFA of Ukraine 🇺🇦 (@MFA_Ukraine) September 8, 2023
„Нашите искрени честитки до Северна Македонија за Денот на независноста! Украина ја цени поддршката дадена во овој клучен период. Нè обединуваат европските аспирации и ги споделуваме истите вредности. На луѓето им посакуваме мир, просперитет и благосостојба“, се наведува во честитката од украинското Министерство за надворешни работи.
Како што информираат од Украинската амбасада, претседателот на Украина, Володимир Зеленски, испратил честитки до претседателот Пендаровски, премиерот на Украина Денис Шмигаљ, до премиер Ковачевски и исто така претседателот на Собрание (Верховна Рада) на Украина, испратил писмо до претседател на Собранието Талат Џафери
Ј. Ѓ.
Поврзано: