ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

За висината на казните и застарувањето

September 8, 2023 11:40
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КОМЕНТАРИ, ПОЛИТИКА, ПРАВДА

Пишува: ЃОРЃИ СПАСОВ

Според една анегдота, за изработка на првиот кривичен закон во повоена Југославија, била формирана работна група од врвни експерти во областа на правото а на чело на групата бил Моша Пијаде.

Кога дошол редот за утврдување на висината на казните за разни кривични дела, на секој предлог од експертите да се казнува некое дело со 20 со 10 или со 5 години затвор , Моша ќе предложил половина од должината на затворската казна што ја предлагале младите експерти. Кога во еден момент еден од нив се охрабрил да му се спротистави на Моша со образложение дека со толку куси казни нема да се постигне целта за превенција од криминал ниту ќе има доволно време за превоспитување на затворениците, Моша го прашал: „А си бил ли ти момче барем еден ден во затвор”? Откако добил негативен одговор, Моша на групата ѝ рекол: Е јас поминав 14 години во затвор. И знам што значи да си макар еден ден затворен.

Кај нас многумина од експертите што сметаат дека само со долгогодишни казни затвор и со страв од нив може да се спречи криминалот и корупцијата веројатно исто така не биле ниту еден ден во затвор. И многумина од нив кои веројатно слушнале за состојбата во затворите кај нас не се свесни дека една година затвор во наши затвори е еднаква барем на пет години поминати во модерните затвори во некоја Холандија Шведска или Швајцарија кои се опремени на ниво на пристојни хотели.

А што се однесува до застарување на делата. Ако е 10 години малку за апсолутна застареност нека прашаат како му било на некој обвинет што десет години чекал, од било кои причини, да му биде изречена правосилна пресуда и да се докаже неговата вина или невиност и како е да се живее 10 години со етикетата обвинет, да му се суди да биде неправосилно осуден и да чека на правосилна пресуда со изречени мерки да и биде достапен на правдата како еден вид затвореник на слобода.

Со последните промени на Кривичниот закон може да се каже дека е извршена и еден вид скриена амнестија, ама таков вид измени се далеку од дерогирање на правото, уништување на правниот систем или создавањето услови за избегнување на правда за сторителите на кривични дела како што егзалтирано тврдат некои од граѓанските активисти и политичари.

На сторителите на кривични дела треба да им се суди. Но бавната правда е исто неправда. Долгите казни затвор не ги даваат секогаш посакуваните резултати. А нехуманите и деградирачки услови во затворите кај нас, за кои говори и народниот правобранител, се поголема казна од секоја казна на која се осудени сторителите на кривични дела.

Ќе беше секако подобро овие измени на кривичниот закон да се донесеа во нормална собраниска постапка и со поголема јавна дебата, но никој не треба да се сомнева дека тие го хуманизираат системот на превенција од криминал за што се залагаат или барем треба да се залагаат граѓанските активисти и борци за човекови права.

Никој во овој момент не знае дали зад овие измени на кривичниот закон, усвоени на брзина и без противење од страна на опозицијата, стои некаков договор меѓу партиите поврзан со промените на Уставот. Но сите знаеме дека по периодите на остри внатрешно политички конфронтации исчекорувањето напред се правело со некој вид простување и помирување.

Така се случи со Амнестијата по усвојувањето на Охридскиот рамковен договор и со Амнестијата што им беше понудена на сите учесници во насилствата од 27 април пред промените на Уставот по потпишувањето на Преспанскиот договор.

Ако и оваа промена на кривичниот закон се доживува како некое простување и помирување и смалување на чувството дека постои политичка одмазда во општеството или политички прогон, со цел да се обезбеди поместување кон членство на ЕУ и ако таа вистина е од помош во таа насока тогаш можеби и жртвата не е многу голема.

Насоката во која ќе се движи општеството по ова можеби ќе донесе повеќе правда и повеќе мир. А на тој пат и до досегнувањето на посакуваната цел ќе се прават и грешки и ќе има и разочарувања.


Текстот е личен став, објавен на Фејсбук профилот на Авторот
Tags: Ѓорѓи СпасовКривичен законик
Next Post

Во ГОБ „8-ми Септември“ пуштени три нови сали за интервентна кардиологија и радиологија

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk