Министерката за одбрана на Португалија, Марија Хелена Кареирас денеска ќе пристигне во прва официјална посета на Северна Македонија, соопшти Министерството за одбрана.
За време на посетата, во Министерството за одбрана, министерката Кареирас ќе оствари тет-а-тет средба со министерката Славјанка Петровска, по што двете министерки ќе го потпишат и првиот договор за билатерална соработка на полето на одбраната.