ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО ОБРАЗОВАНИЕ

Шаќири: До крајот на септември ќе бидат доставени сите учебници

September 11, 2023 15:41
in ДЕНЕС, ОБРАЗОВАНИЕ
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука Јетон Шаќири уверува дека до крајот на септември ќе бидат доставени учебниците за сите одделенија во основното образование односно за трето и за шесто каде што поради новите наставни програми доцни распределбата на учебниците.

Очекува дека по уште еден состанок на Националната комисија за учебници кој ќе се одржи утре ќе бидат одобрени и последните учебници за шесто и дека веднаш, како што рече, ќе се пристапи кон нивна техничко-графичка обработка, превод и достава во училиштата.

– Сите учебници, според податоците што ги имаме добиено во Педагошката служба, се доставени. За трето одделение, како што ветивме, доставата завршува овие денови. За шесто најавив дека во четвртокот имаше состанок Националната комисија за учебници, а утре пак ќе има уште еден состанок и имам позитивни информации дека ќе бидат одобрени и последните учебници. Доставата за се што е за оваа година ќе се заврши до крајот на септември, изјави Шаќири во Охрид, по отворањето на меѓународната научна конференција во чии рамки се спроведува работилница за обука за Европскиот облак за отворена наука (EOSC).

Министерот и овојпат на новинарски прашања одговори дека доцнењето се должи на тоа што првпат по подолг период има нови наставни програми согласно кои се изработува учебник. Бирото за развој на образованието, како што рече, за програмите за трето постапило побрзо отколку за шесто одделение за кое доцнело со доставувањето на програмите.

– Барам разбирање бидејќи  знаеме дека имаме одобрени учебници за прво одделение, исто како и за второ, четврто и петто и тие, во најголем дел се доставени на 1 септември, исто како и за седмо, осмо и деветто одделение. Оваа година ситуацијата се појави оттаму што имавме постапки на одобрување и постапки на печатење, додаде Шаќири.

Tags: Јетон Шаќириучебници
Next Post
Фото: Цивил Медиа

Пендаровски за идејата за Европа во повеќе брзини: Ова не е формален предлог, нема причина за загриженост

Shortcut

Најново

ХЕРА: Северна Македонија назадува во заштитата на човековите права и родовата еднаквост

October 23, 2026

Србија во изборен молк: Неизвесна трка

October 23, 2026

Над 134 илјади нерешени судски предмети во судовите

October 22, 2026

Веб-страници низ Европа беа привремено исклучени поради безбедносен пропуст – што навистина се случи?

October 22, 2026

Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

October 21, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk