Албанскиот премиер Еди Рама преку објава на социјалните мрежи реагираше на трите претстојни случувања, албанското претседавање со Советот за безбедност на ОН, случајот „Белери“ и средбата Курти – Вучиќ во Брисел.
Претседавањето на наговата земја со Советот за безбедност Рама го оцени како историски момент во меѓународните односи.
-Албанија сега е на ново ниво во меѓународната политика, претворајќи ја во фактор на мирот на Балканот и никогаш не поттикнувајќи етнички конфликти во регионот. Најважно е успешното завршување на процесот на нормализација на Косово и Србија. за мирот и регионалната безбедност, како и за безбедноста на самата Европа, напиша Рама.
Албанија по втор пат го презема претседавањето со Советот за безбедност на ОН, претходно претседаваше во периодот од 1 јуни до 30 јуни 2022 година.
Како второ прашање, Рама го зема случајот Белери. Премиерот нагласува дека Албанија ја “крева главата над застојаната вода од 100 години системска неказнивост”.
– Некој вели дека кога станува збор за многу жежок компир во рацете на правдата, како оној на господинот Белери, треба да интервенирам и да го фрлам компирот во морето, но тоа никогаш нема да се случи, рече тој.
Судскиот процес против реизбраниот градоначалник на Химара, Фреди Белери, обвинет за “изборна коалиција” почнува утре. Тој беше уапсен два дена пред локалните избори одржани на 14 мај, од кога е во притвор.
Трет настан, во подолгата реакција, Рама ја наведува средбата во Брисел на лидерите на Србија и на Косово, претседателот Александар Вучиќ и премиерот Албин Курти.
-И покрај нашите блиски врски и можеби уникатниот однос во светот со Косово, како друга албанска држава на границата со Албанија, ние бевме, сме и ќе бидеме целосно усогласени во линијата на напорите на Соединетите Американски Држави и Европската Унија, да го спроведе планот за нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, пишува Рама.
Како и секогаш се молам, додава тој, да не биде „уште еден празен круг, за уште едно повторување на песната „другиот е виновен“.