ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ЕУ најави испраќање дополнителна помош за поплавените подрачја во Либија

September 14, 2023 14:13
in ДЕНЕС, СВЕТ
(AFP/Getty)

(AFP/Getty)

ЕУ информира дека преку својот Механизам за цивилна заштита, продолжува да ја поддржува испораката на хуманитарна помош за Либија, по поплавите што го зафатија реонот на градот Дерна во североисточниот дел на земјата, предизвикувајќи огромни материјални штети и најмалку 5.300 загинати.

Како што соопшти денеска Европската комисија, новата понуда за помош од ЕУ вклучува медицински тим од 53 лица од Франција, потоа шатори, тешка механизација, еден специјализиран тим за нуркање со три чамци и две транспортни возила и два хеликоптери за пребарување и спасување од Италија, како и тим за техничка експертиза составен од експерти за ИТ, логистика и мапирање од Холандија.

– Овие понуди доаѓаат како дополнување на помошта што веќе ја обезбедија Германија, Романија и Финска во форма на објекти за сместување, генератори, прехранбени производи, болнички шатори и резервоари за вода, се наведува во соопштението.

ЕУ вчера информира дека првично се обезбедени 500.000 евра хуманитарни средства за справување со најитните потреби на луѓето во Либија, погодени од поплавите предизвикани на бурата „Даниел“.

– Експерти за хуманитарна помош на ЕУ се испратени на терен за брзо да ги проценат новите хуманитарни потреби. Координативниот центар за одговор при итни случаи на ЕУ е подготвен да ги координира дополнителните понуди за помош, се додава во соопштението.

По повод новата обезбедена помош за Либија, еврокомесарот за справување со кризи Јанез Ленарчич им изрази благодарноста на сите членки на ЕУ, кои ја пружаат „својата дарежлива поддршка и помагаат да се спасат животи во оваа критична вонредна состојба“.

– Вонредната состојба по поплавите во Либија предизвика брза поддршка од земјите членки на ЕУ. Има нови понуди од Франција, Италија и Холандија за медицински персонал и опрема, чамци за спасување, хеликоптери и друга витална помош, додаде Ленарчич.

Tags: ЕУЛибијапомош
Next Post

Приведен 20-годишник по распишана потерница за издржување двегодишна затворска казна

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Канадскиот премиер Карни пристигна во Кијив

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk