РИБАРО
„Другари мои вмровски пулени, дали ја видoвте и чувте мојата изјава за тоа зошто не сум се сретнал со германскиот пратеник и претседавач со Комитетот за надворешна политика на Бундестагот Михаил Рот за време на неговата посета во Скопје? Ма како сум го мавнал, не можел да се свести што му се десило. Во тешка депресија бил човекот ми јавуваат од Германската влада и бараат одговори“, дознава АХА детали од брифингот на Мицкоски со блиските соработници по вчерашната изјава за Рот, каде рече „А зошто да имам средба со Рот? Каде пишува дека морам да имам средба? Овој господин не побарал средба и очигледно не чувствувал потреба да се види“.
Тонч му мавнав на Германецот! Тој мисли така лесно ќе си помине, ако избегава средба со мене. Чудно ми чудо дека бил ѕверка во германскиот Бундестаг и долгогодишен министер во кабинетот на Меркел. Знае ли тој кој сум јас?!, себезадоволен Мицкоски триумфирал низ белата палата.
„А бе шеф, сеа немој погрешно да ме сфатиш, ама со вчерашната изјава Тонч ни мавна нам како партија. Со твојана изјава, ти ВМРО-ДПМНЕ го испердаши, а не Рот, и ние сме во мајчината депресија, иако вам очигледно, не знам од кои причини, ве зафатила некоја чудна еуфорија па халуцинирате. Ни ги лупна пред нос сите, и оние малку подотворени врати во Европа кои ги имавме. Па знаете ли вие дека не можеме да закажеме ни една јебена средба со странски дипломат, па било тоа и некој потсекретар на владино тело? Не избегнуваат сите. Ни ја закопавте партијата во изолација, а ваму мислите дека Рот бил во депресија. Ајде, отидов јас малку на свеж воздух, а би ви предложил и вам да се излуфтирате, очигледно ви е потребно“, одговорил еден од присутните на брифингот во белата палата на вмровците.
Ма ти се требни странски дипломати, ЕУ, Германија, Америка и слична боранија. Има да си отвораме сокачиња, чешми и слични дребулии по општиниве со нашиве градоначалници, Ова е Македонија!, извикал Мицкоски и продолжил да ги наводнува печурките што ги одгледува во неговиот кабинет.
Рубриката АХА! е простор за хумор и сатира. Секоја сличност со реалноста е намерна и не е претерана.
FRONTLINE.MK