По повод објавите во одредени медиуми за „контроверзна“ содржина во прирачникот за образование за животни вештини за средно образование, со објава на Фејсбук се огласи пратеничката Санела Шкријељ.
Еден од „шокираните“ е и Докторот Митов, кој денеска на својот Фејсбук профил, покрај објавата на „контроверзната“ содржина на прирачникот, упати прашање адресирано до министерот Шаќири, дали е во ред ова според него и ова ли се вредностите на ДУИ? , а како што напиша: „за СДСМ не ни прашувам“, иако прирачникот, како што објави Шкријељ, е издаден во 2009 година, кога на власт беше ВМРО ДПМНЕ.
Доктор Митов беше советник за здравство во владата на Никола Груевски и за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ беше на чело на Комитетот за безбедно мајчинство и за целиот период на неговото раководење Комитетот не одржа ниту еден состанок, ниту, пак, придонесе нешто за намалување на смртноста на бебињата.
Од Бирото за образование тврдат дека се работи за прирачник за наставници, како дел од наставата програма која не е задолжителна и дека истиот бил изработен пред една деценија и е одобрен од Бирото за образование и развој во 2011 година. Оттаму апелираат до граѓаните и родителите да ги земат со голема доза на претпазливост и да ги проверуваат сите информации што се споделуваат во врска со образованието на младите.
Драган Мишев / Цивил Медиа