ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Во Брисел започна скрининг состанокот за Поглавје 15 – Енергетика и Поглавје 21 – Трансевропски мрежи

September 14, 2023 18:43
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во Брисел денеска започна билатералниот скрининг состанок за Поглавје 15, „Енергетика“ и Поглавје 21,  „Трансевропски мрежи“, кои се дел од Кластерот 4 „Зелена агенда и одржлива поврзаност“.

Состанокот, како што е наведено во соопштението од СЕП, го отвори државната секретарка во Секретаријатот за европски прашања и заменичка на главниот преговарач со ЕУ, Дрита Абдиу-Халили, која во своето воведно обраќање рече дека развојот на енергетскиот сектор е високо на агендата на Владата, посочувајќи дека последните години се усвоени повеќе закони, вклучувајќи ја и Стратегијата за развој на енергетиката до 2040 година во согласност со енергетските и климатските политики на ЕУ.

-Владата е посветена на енергетските реформи, не само затоа што тие се клучен услов за пристапување на земјата во ЕУ, туку и за подобрување на квалитетот на услугите за потрошувачите на енергија, додаде Абдиу Халили.

Таа напомена дека Северна Македонија, исто како и остатокот од Европа, доживеа финансиски тешкотии поврзани со СОВИД-19, но и од брзиот пораст на цените на природниот гас и електричната енергија поради руската инвазија во Украина, тоа не ја поколеба Владата да отстапи од вложувањата во зелената агенда и здравата животна средина.

-Иако оваа тешкотија принуди многу земји да ги концентрираат своите напори на управување со кризи наместо на системските реформи, нашата земја останува високо фокусирана на развој на чиста енергија и диверзификација на енергетските ресурси,  истакна заменичката на главниот преговарач, Абдиу-Халили во нејзиното воведно обраќање.

Абдиу Халили им се заблагодари на претставниците на Европската комисија за досегашната непречена соработка, истакнувајќи дека ја цениме и за нас е важна подготвеноста на европските институции да помогнат на Северна Македонија да го развие својот целосен потенцијал.

Делегацијата на скрининг состаноците за поглавјата  ја сочинуваат претставници од неколку државни институции, државната секретарка во Министерството за економија, Размена Чекиќ-Дуровиќ, претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата, претставници од Операторот на електропреносен систем на Република Македонија (А.Д. МЕПСО), Националниот оператор на пазар на електрична енергија (МЕМО), Акционерското друштво за вршење на енергетска дејност пренос на природен гас НОМАГАС Скопје, Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Дирекцијата за радијациона сигурност, и претставници од Секретаријат за европски прашања.

Билатералниот скрининг за Поглавје 15 и 21 ќе продолжи и утре, каде на агендата се усогласувањата со законодавството на ЕУ во оваа област и идните планови за воведување на европските стандарди и зајакнување на капацитетите.

Tags: БриселЕУКластери
Next Post

Борел го обвини косовскиот премиер Курти дека не е подготвен да прифати компромисен предлог за нормализација на односите со Србија

Shortcut

Најново

Мицкоски бара внимание

June 30, 2026

Филипче: СДСМ ќе го блокира Изборниот законик затоа што отвора врата за изборна кражба

June 29, 2026

Поповиќ: Нема пари, власта ја загрози исплатата на пензиите и вториот столб

June 29, 2026

Мицкоски: Продолжуваме со субвенционирање на авиолинии и отворање на нови

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Официјално започна со работа „РЕФОРМ5“ на Димитар Ковачевски: Поддршката за младите започнува во заедницата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk