ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Борел: Лондон, Берлин и Париз сметаат дека Иран не ги исполнува обврските од Договорот за нуклеарната програма

September 15, 2023 13:36
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел информира дека добил известување од Велика Британија, Германија и Франција дека Иран не ги исполнува обврските од Заедничкиот сеопфатен акциски план, што се однесуваат на иранската нуклеарна програма.

– Тие потсетуваат дека ја изразуваат својата загриженост дека Иран не ги исполнува своите обврски во рамките на Планот и го упатија ова прашање до Заедничката комисија во рамките на Механизмот за решавање спорови, наведува во писмената изјава Борел, кој воедно е и координатор на Заедничка комисија за спроведување на Акцискиот план.

Тој додава и дека трите земји планираат „да не преземаат чекори во врска со укинување на понатамошните санкции“ за Иран.

– Како што беше побарано, го доставив писмото до другите учесници во Акцискиот план – Кина, Иран и Руската Федерација. Како координатор, ќе се консултирам со сите страни вклучени во Планот за следните чекори. Останувам целосно посветен и нема да штедам напор за обновување на Планот и продолжување на целосното спроведување на договорот, додава Борел во изјавата.

Заеднички сеопфатен акционен план, попознат како Ирански нуклеарен договор или Договор за иранската нуклеарна програма, беше постигнат во Виена на 14 јули 2015 година, меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН – Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција – и плус Германија, со учество на Европската Унија.

Формалните преговори за Договорот започнаа со усвојување на Заедничкиот акциски план, како привремена спогодба потпишана меѓу Иран и останатите шест земји во ноември 2013 година. Во април 2015 година беше договорена Рамката на иранскиот нуклеарен договор, по што во јули беше склучен Заедничкиот сеопфатен акциски план, заедно со Договорот за патокази меѓу Иран и Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ). Договорите имаа за цел да ја намалат загриженоста на меѓународната заедница дека Иран работи на производство на нуклеарно оружје и покрај тврдењата на Техеран дека неговата нуклеарна програма е наменета исклучиво за мирновременски цели.

Во мај 2018 година САД се повлекоа од Планот, при што тогашната Администрација во Вашингтон најави преговори за „подобар договор“, но до крајот на мандатот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп тоа не беше сторено.

Од друга страна, експерти и аналитичари проценуваат дека по американското повлекување од Планот, Иран дошол чекор поблиску до развој на нуклеарно оружје.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Ираннуклеарна програмаплан

НАЈНОВО

Судир на полицијата со демонстрантите во Белград. Фото: Скриншот, Н1

„SafeJournalists“: Ситуацијата е надвор од контрола – бараме итна заштита на медиумските работници во Србија

July 3, 2025
Фото: Укринформ

Осум загинати во нови руски напади врз Украина

July 3, 2025

Сиљановска Давкова околу усвојувањето на извештајот во ЕП, вели „се е можно да се случи“

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Апсења со смртни последици, рации, претепани и крвави осомничени, соборен патнички авион – како се влошија односите меѓу Русија и Азербејџан

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скопје како зона без контрола: Убиен пешак, нападната пратеничка, автобус во пламен – државата го губи компасот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk