Полскиот министер за внатрешни работи Мариуш Камински денеска изјави дека од вечерва на полноќ Полска ќе забрани влез на автомобили регистрирани во Русија.
Забраната е дополнителен дел од санкциите наметнати на Русија и нејзините граѓани во врска со војната во Украина, јавија локалните медиуми, повикувајќи се на Камински.
„Сега ниту еден руски автомобил нема да влезе во Полска, и оние кои се користат за комерцијални цели и приватни возила, без разлика дали се управувани од руски државјанин или не“, нагласи полскиот министер.
🛑 Zakaz przywozu samochodów osobowych zarejestrowanych w Rosji 🇷🇺 i budowa zapory elektronicznej na Bugu – oświadczenie ministra @Kaminski_M_ 📄
🔗 Szczegóły w komunikacie ⤵ https://t.co/I3uYSvOv1I
— MSWiA 🇵🇱 (@MSWiA_GOV_PL) September 16, 2023
Камински истакна дека одлуката доаѓа во пресрет на новите упатства издадени од Европската комисија минатата недела. Тие појаснија дека, според постоечките санкции, не треба да им се дозволи влез на автомобили со руски регистрации во блокот, дури и само привремено и за некомерцијални цели.
Откако Естонија, Литванија и Летонија воведоа забрана за минување на автомобили со руски регистарски таблички во изминатите неколку дена, слична мерка вчера воведе и Финска.
Во меѓувреме, премиерот Матеуш Моравјецки изјави дека Владата планира да изгради ѕид долж границата со Русија.
Г. Т.