Портпаролот на украинската разузнавачка служба Андриј Јусов тврди дека Рамзан Кадиров е наводно во кома и неговата здравствена состојба е влошена, пишува Украинска правда.
Господинот Јусов рече дека некои од болестите на Кадиров се интензивирани и затоа тој се наоѓа во критична состојба. Тој додаде дека оваа информација е потврдена од различни извори, објави на Х советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.
„Некое време е болен и се работи за систематски здравствени проблеми. Но, во последните неколку дена е во лоша состојба“, истакна Јусов за Кадиров.
Kadyrov is reportedly in critical condition – Andrii Yusov, representative of Ukrainian Defense Intelligence.
Some Russian media inform that Kadyrov is in a coma.
Mr. Yusov said that some of Kadyrov’s illnesses have intensified, and that’s why he’s in a critical condition. He… pic.twitter.com/TRVJThJMGf
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) September 15, 2023
„Информациите се потврдени од различни извори во медицински и политички кругови. Не станува збор за повреди. Други детали треба дополнително да се разјаснат. Тој е подолго време болен, а се работи за системски здравствени проблеми“, изјави Јусов.
Првите гласини за лошата здравствена состојба на чеченскиот лидер се појавија уште во март. Беа споменати труење и бубрежна болест. Кадиров ги отфрли гласините набргу потоа.
Г. Т.